(Вистинска) Љубов, постои ли?

Дали постои љубов


  • Вкупно гласале
    42

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Некои работи во животот немаат редослед а уште помалку одреден начин и правило
Да, но не може прво да имаш љубов па затресканост.

Едното со другото може но не мора да има редослед. Но другото секогаш оди после првото.

Morticia. Е откако добро го формулира претходниот одговор, комплетно се сложувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Morticia.

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Ваше лично мислење дали постои љубов спрема партнер ?
Дали љубовта е само збор?
Дали верувате во љубов?
Дали сте доживеале љубов?

Искрено мое мислење е дека љубов не постои и дека тоа е само збор...На почетокот тоа се само страсти а потоа прераснува во навика и потреба :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Bum-Bum храбро од тебе да дебатираш и да донесеш заклучок за вакво прашање што го мачи човештвото со векови.
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Ваше лично мислење дали постои љубов спрема партнер ?
Дали љубовта е само збор?
Дали верувате во љубов?
Дали сте доживеале љубов?

Искрено мое мислење е дека љубов не постои и дека тоа е само збор...На почетокот тоа се само страсти а потоа прераснува во навика и потреба :)
се слагам со тебе
љубовта за мене е само збор.....од тој збор станува навика...а може и повеќе од тоа
што е најболното нешто....опсесија спрема другата личност ( било машко или женско )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Љубов е премногу ограничен збор, секој љубов го толкува многу различно. Валјда љубов би испаднало привлечност кон личноста, карактерна складност и итн. Иако за секој различно може не му е привлечна но на карактер не знам си одговараат. Да имам осетено привлечност кон личност и складност со карактери iко да бевме создадени еден за друг ,времето поминато заедно минуваше ко за секунда секогаш беше премалку. Но заврши, иако сепак кога ке ја видам не ми е баш сеедно што заврши. Но тоа е тоа:).
 

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
А што е тоа љубов може некој да ми каже
ја гледам се срамам,бегам не знам што да и речам,кога ќе избегам ми недостига и не се сеќавам како изгледа.
или типот е многу повлечен или искомплисиран,дали е тоа љубов или само илузија/симпатијал
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Ваше лично мислење - дали постои љубов спрема партнер?

Да, мое мислење е дека постои.

Дали љубовта е само збор?

Понекогаш љубовта е само збор и во некои случаи "Те сакам" е само израз. Во денешно време тој израз се користи премногу. Се користи во непотребни ситуации и од страна на луѓе кои не го мислат тоа, се користи во секакви форми и се кажува на секакви начини. На шега, со лигавење, со викање.
Се кажуваат фрази и зборови со многу големо и силно значење, но наместо да се кажат искрено - се кажуваат како една голема шега, глупост, начин на привлекување нечиво внимание или искажување на некои така-наречени "чувства" и "емоции" преку изрази како "те шакам" и "те шакуфкам", или обраќање кон партнерот со некои имиња како да е домашно животно, предмет, јадење и што уште не. Маче, куче, сонце, бомбонче, торта, јагненце, бебе, крофна, карамела.

Вистинското значење на "те сакам" кај некои парови е веќе избледено. Во најголемата публика не престануваат да си искажуваат љубов, а на само дали еднаш ќе си кажат. Дискретното и субтилното искажување на љубов стана минато и се почесто има парови кои попрво би си ја искажале љубовта со "Громе Мој" од Цеца на својот Facebook ѕид и "изливи на емоции" на сред училиште, отколку на убав, тивок, романтичен начин. Во врска си со некого. Една личност... Не знам зошто и од каде таа потреба сите околу тебе да знаат колку е голема твојата љубов.

Дали верувате во љубов?

Да, верувам.

Дали сте доживеале љубов?

Тешко прашање, но ќе ризикувам и ќе одговорам со.. Да.

На свои 18 години можам да најдам многу причини зошто е можно едноставно некој да ми се допаднал многу - па сум го збунил тоа со љубов. Можам да ја обвинам возраста - како сум премногу мал, или пак зрелоста - можеби не сум доволно зрел за да кажам со сигурност дека сум бил вљубен. Или пубертетот, хормоните - може е само збунетост, или залажување. Овие работи често ги имам слушано. Возраста, зрелоста, пубертетот, хормоните - често се користени како изговори за нешто. Но, не верувам дека е така. "Не си доволно зрел за да разбереш" или "Ќе сфатиш кога ќе пораснеш" многу мало значење имале за мене.

Според мене (или барем во моите случаи) никогаш не сум се вљубил веднаш во некого. Тоа е нешто невозможно според мене. Привлечност, допаѓање, заинтересираност за некоја личност? Да, ама никогаш да се заљубам. За тоа ми треба бајаги време.

Сепак, треба подолго време за да запознаеш некоја личност, да дознаеш повеќе за неа. Маните, карактеристиките, позитивните особини кај таа личност. Заеднички интереси - дали ги има или нема? Колку сте различни со таа личност или колку сте слични?

Треба да се помине многу долго време за да се вљубиш - и што е најважно: да се осигураш дека твоето време, посвета и твојата љубов ќе бидат возвратени. Нема поента да се вљубиш во некого ако постојано трчкаш зад таа личност како кутре, а таа едвај внимание ти посветува.

Се обидувам да си поставам граница се додека не сум 100% сигурен дека од ова може да настане врска. Граница, штит, бариера за колку далеку смеам да одам и што смеам да правам и да кажам. Да се воздржам. Често не успева, но тоа е.. Не си дозволувам да се впуштам во нешто или да се отворам премногу доколку инстинктот ми вели поинаку - бидејќи за мене нема да заврши убаво. Доколку видам дека навистина нешто големо и убаво ќе се случи, тогаш го тргам ѕидот.

А ако видам дека нема никаква иднина за мене и личност Х, тогаш.. Ништо страшно! Животот продолжува. На човек можат да му се случат многу полоши работи од тоа да биде одбиен.

Заклучок: Не знам колку има смисла ова што го напишав. За некои работи не можам да склопам правилна реченица што има смисла без разлика колкав реферат ќе напишам. Но, да го одговорам прашањето најлесно и најкратко: Љубовта постои, барем според мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, Scars31 and JaMi