Никогаш не бев по љубовта и врските. Но кога го запознав мојот сегашен дечко, нешто ме привлече и му пружив шанса. На почеток мислев дека не го сакам, бидејќи потребно ми е повеќе време за да се зближам со некого. Дури не можев ни да ја сфатам неговата грижа кон мене и преубави секојдневни гестови. Бев научена дека не постои вистинска љубов, само интереси, и дека секоја врска брзо завршува. Поминавме низ многу подеми и падови, конфликти и проблеми, и преку нив сфатив дека го сакам. Бидејќи што и да се случи, сакам да сум со него. Незамислив ми е животот без него и посакувам да сме во иднина заедно, па дури и се до крајот на животот. Уживам во секоја секуда помината со него.