Виза за Велика Британија

Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
Ме интересира дали некој има искуство со аплицирање и како одат постапките? Има цело упатство точно ама ме интересира некој што го искусил тоа. Гледам дека треба да се пуштат онлајн документите, па како оди датумот за интервју итн.
П.С ми треба стандарна виза за патување од 6 месеци
 

Doreah

Староседелец
14 јули 2013
16
42
1,013
Ме интересира дали некој има искуство со аплицирање и како одат постапките? Има цело упатство точно ама ме интересира некој што го искусил тоа. Гледам дека треба да се пуштат онлајн документите, па како оди датумот за интервју итн.
П.С ми треба стандарна виза за патување од 6 месеци
Нема интервју за виза. Ја пополнуваш апликацијата онлајн, на крај ти дава да закажеш термин во центарот во Соравија и плаќаш (околу 150 фунти мислам дека беше). Во избраниот термин ги носиш пасошот и документите (задолжителните документи што ги бараат + други документи што мислиш дека може да ти бидат корисни за апликацијата), ти земаат биометриски податоци (отпечаток од прст, фотографија и кратко видео кај што кажуваш име, презиме и датум на раѓање) и тоа е тоа. Потоа чекаш 2-3 недели (може сега да е подолго ради Ковид, не знам) и добиваш одговор. Пасошот ти го враќаат по пошта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Eva