Поентата ми беше дека ние сме ограничени - релативни битија, константно се менуваме како што и самата кажа, па оттука и смртта е дел од таа релативност. Не ми беше поентата да ја величам смртта кога реков дека му дава смисла на животот, туку сакав да посочам на тоа дека таа е последица на таа промена, а промените се тие што ја елиминираат едноличноста и бесмисленоста.Па не е ни смртта таа која му дава значење на животот. Животот си има значење самиот по себе... Наместо да се плашиме од смртта или да ја прифаќаме како некое сретство за величање на животот, најдобро е воопшто и да не ја перцепираме, да си ги насочиме вниманието и енергијата на она што се случува сега во моментот. Ако сте среќни во секој момент од вашето постоење нема да ви биде од големо значење дали ке живеете 20, 200 или 20 000 години. Среќата не може да здосади како што здосадува убава песна, има разлика помегу задоволствата што се перцепираат со сетилата и духовна состојба како што е вистинската среќа. Јас не би го споредила животот со една песна која што никогаш не завршува, животот не е едноличен цело време и не се повторува одново и одново, не е само една лекција или едно искуство кое трае до бескрај, разноличен е и секогаш носи нешто ново, како безброј различни песни на цеде кое никогаш не завршува, како огромна библиотека со книги на која не и се гледа крајот и како бескрајно многу денови со бескрајно многу зајдисонца и изгрејсонца.
Затоа наместо да бегаме од реалноста и да се залажуваме со некој нареден живот каде нема смрт, да го осознаеме и Разбереме овој, бидејќи животот и смртта се како денот и ноќта, кога ќе го сватиш едното, си го сватил и другото. За тоа е потребно да се живее животот, да се надмине стравот, да се спознае суштината што е во нас! Да се Осознава не да се верува! Да се живее а не да се стравува.