Верски календар

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
5Xt6D.jpg
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
cb938ec29c932d10ca097d452e7d9ca8.gif
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 февруари.
Денеска е Св. маченик Никифор.
Во третиот век во Антиохија живееја двајца многу блиски пријатели, Саприкиј и Никифор. Но, еден ден тие толку се налутија еден на друг, што не сакаа очи да си видат. По некое време Никифор ја сфати бедата на лутината и побара прошка од Саприкиј, кој беше свештеник. Овој не сакаше ни да чуе. Сите молби остануваа попусти. Во тоа време, при едно гонење на христијаните, Саприкиј беше затворен и ставен на маки, за¬што не се окажуваше од Христа. Најпосле го осудија и го по¬ведоа кон губилиштето. По патот Никифор повторно со солзи го молеше да му прости, но на Саприкиј срцето му остана тврдо. Така и ја изгуби благодатта и на губилиштето се откажа од Христа, а Никифор, гледајќи го тоа, самиот побара и беше погубен наместо него.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Катедра на Свети Петар.
Овој празник се славел на денешен ден во Рим во четвртиот век како знак на единство на црквата изградена на Апостол. Свети Петар за својата вера во Христос рекол: "Ти си Христос, син на живиот Бог!", а Исус му рекол: "Ти си Петар Карпа, и на таа карпа ќе изградиш црква своја, и вратата пеколна нема да ја надвладее. Тебе ќе ти ги дадам клучевите од кралството небесно.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари.
Денеска е Св. свештеномаченик Харалампиј.
Свети Харалампиј бил епископ на градот Магнезија, Те¬салија. Мудар старец. Во текот на 113-те години од својот жи¬вот бестрашно го проповедал Христос сред-среде бесните прогони на христијаните. За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Поликарп.
Во 100-та година од свети Иван, апостол тој бил назначен за бискуп во Смирна. Свети Поликарп бил запален на плоштадот во Смирна во 115-та година. Повикан од своите противници, за да се откаже од верата во Христос, Поликарп одговорил: "Осумдесет и шест години му служам на Христос и ништо лошо не ми направил. Како можам да се одрекнам од својот крал, кој на Крстот ме спаси".
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 февруари.
Денеска е Св. новомаченик Ѓорѓи Кратовски.
Во Црквата нови маченици се нарекуваат мачениците од послевизантиското време, главно од времето на турското ропство. Свети Ѓорѓи пострада во тоа време, од Турците, заради исповедање на Христос. Потекнуваше од Кратово и го имаше изучено занаетот на златарите. Како паметно, убаво и добро¬стоечко момче, локалните Турци сакаа да го обратат во исла¬мот, па беше принуден да побегне во Софија. Но и тука го пре¬сретна истата состојба. По навалувањето да го прими исламот, тој беше ставен на маки и убиен. Ова ново светило на ма¬кедонската земја пострада во 1515 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Модест.
Тој бил еден од бискупите на древната бискупија во Триер, со кој управувал во петтиот век, кога се распаѓало Римското царство и кога, поради преселбите на народите и нападите на барбарите, во Европа владеела голема несигурност. Во време на освојувањата и масовните убиства, единствената светла точка биле светите бискупи кои за да го спасат народот го изложувале на опасност сопствениот живот. Меѓу тие бискупи се вбројува и свети Модест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 февруари.
Денеска е Св. Мелетиј Антиохиски.
Свети Мелетиј живееше и делуваше во четвртиот век. Тоа е век на го¬ле¬ми превирања, но и на големи сведоштва во Црквата. Еден од тие големи сведоци беше и овој Мелетиј. Како православен епископ беше испратен на заточение од аријанските цареви, но до крајот остана тврд во верата. Голем духовник кој се гри¬жеше за духовниот раст на такви светители, како Василиј Ве¬лики, Јован Златоуст, Симеон Столпник... Се упокои во текот на Вториот вселенски собор, во 381 година, како претседател на соборот. Моштите му беа пренесени од Цариград во Антио¬хија.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Донат.
За свети Донат, славниот задарски бискуп, пишувал Фарлати во делото "Илирикум сакрум". Тој играл посредничка улога меѓу Франките и Византијците. Одел во Византија каде во 804 година, ја добил моќта на свети симирската маченица Анастазија за време на бизантскиот цар Никефор. Свети Донат моштите на светицата ги пренел во Задар. Црквата во која се наоѓаат коските на св. Анастазија е позната како црква на света Стошија. Свети Донат умрел во 811 година, а бил закопан во црквата Пресвета Тројца која ја обновил. Таа црква спаѓа меѓу уметничките споменици од прв ред.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари.
Денеска е Преподобен Мартинијан (Прочка).
Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезаре¬ја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Порфириј.
Бил роден во 347 година во Солун, во многу богато семејство. Околу 378 година се повлекол во пустината, во Египет и живеел монашки живот. Порфириј бил многу побожен и имал способност за објаснување на Светото писмо. Ги сакал сиромашните. Во 395 година бил назначен за бискуп на Газа во Палестина. Неговите проповедувања и светиот живот придонеле неверниците да станат христијани. По 20-годишно бискупување, умрел во 420 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ema09

ema09

Истакнат Член
18 февруари 2012
226
411
63
Филозофијата на животот се состои од грешките и простувањето .. Луѓе сме сите грешиме .. но секој од нас во себе треба да биде и човек за да прости .. искрено и од срце . Денес е прочка ... Простете и нека Ви е простено .... !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 февруари.
Денеска е Св. Кирил Солунски.
На денешен ден се празнува споменот на Свети Кирил Солунски (пред замошувањето Константин филозоф, брат на Свети Методиј Солунски). На денешен ден во 869 година Свети Кирил Солунски се упокои во Рим. Тој заедно со Свети Методиј им ја дадоа азбуката на Словените и ги доведоа пред вратите на вистинската просвета, т.е. пред Хри-ста (во црковнот речник крштението најчесто се нарекува просветување).
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Габриел од Жалната Богородица.
Бил роден во 1838 година во Асизи, во Италија. На 18-годишна возраст отишол во редовите на пасионистите. Бил страствен ловец, сакал да танцува и убаво да се облекува. Луѓето што го познавале биле многу изненадени кога дознале дека се определил за духовниот живот. Ги почитувал правилата во редот и имал нагласена побожност кон Жалната Девица Марија. Затоа бил наречен Габриел од Жалната Богородица, а неговото вистинско име било Франческо. Умрел во 1862 година.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 февруари.
Денеска е Св. апостол Онисим.
Онисим беше малоазиец и живееше во апостолско вре¬ме. Тој е оној Онисим што се спомнува во посланието на апо¬стол Павле до Филимон. Имено, тој бил роб на Филимон, а по¬тоа избегал од него во Рим. Таму се сретнал со апостолот. Тој го советувал да му се врати на Филимон, а последниов да го прими Онисим како брат. По враќањето на Онисим, Филимон му дал слобода. Онисим подоцна проповедал во Шпанија и Гр¬ција. Бил епископ на Ефес после свети Јован Богослов. Постра¬дал маченички за Христа за време на владеењето на импера¬торот Трајан.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Роман.
Бил роден околу 400 година. Кога бил млад се интересирал за животот на египетските самотници (св.Антун, Пахомиј и други), а подоцна и самиот се определил на тој живот. Му се приддружил и неговиот брат Лупицинус. Роман основал манастир и имал дарба да ги лекува болните луѓе. Се одликувал со добрина кон сите. Умрел во 465 година, а грижата за трите манастири кои ги основал му ја препуштил на неговиот брат.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 февруари.
Денеска е Св. маченици Памфил, Порфириј и други.
На овој ден, за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната вера во Христос во палестинскиот град Кесарија (Цезареја). Некои од нив, т.е. презвитерот Памфил, учен човек, залужен за оформувањето на тогашната богата Кесариска библиотека, ѓаконот Валант и Павле, беа затворени две години порано, а сега го дочекаа своето судење. Други, од љубов кон првите сакаа да се погрижат за нивните мошти или откриено ги молеа мачениците да се застапат за нив пред Бога. На сите им се најде една вина - љубовта за Христа, заради што беа и погубени на почетокот од четвртиот век.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Египетски маченици од љубов кон ближниот.
Египетските маченици т.е. свештениците, ѓаконите и христијаните во времето на владеењето на царот Валеријан (253-260) во Александрија, каде беснеела болеста чума им помагале на заболените луѓе. Така и тие заболеле од чума и умреле. Свештениците, ѓаконите и христијаните ги вбројува меѓу мачениците, иако не пролеале крв за Исус Христос.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot