Верски календар

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.
Денеска е Св. великомаченик Теодор Тирон.
Свети Теодор Тирон живееше во четвртиот век, служејќи како војник за време на царевите Максимијан и Максимин во малоазиската област Понт. И покрај прогоните тој не ја криеше својата вера во Христос, заради што беше затворен, мачен и најпосле жив изгорен.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Албин.
Бил роден во 469 година во Ванеса, во Британија. Станал монарх. Бил избран од народот за бискуп на Ангерс во Франција, иако се спротивставувал на тоа, мислејќи дека е недостоен за таа служба. Како бискуп се истакнал во борбата против роднинските венчавки меѓу племињата. Во преселбите на народите го проучувал начинот на живот според принципите на Христовите евангелија. Исцрпен од работата, свети Албин умрел во 550 година, во Ангерс.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 февруари.
Денеска е Св. Лав папа Римски.
Свети Лав по потекло бил Италијанец. За епископ на Римската црква бил избран во 440 година. Со Црквата управува со голема мудрост, давајќи им пример со својот живот на свештениците и останатите христијани. Имал многу важна улога во одбраната на православната вера пред Четвртиот вселенски собор. Инаку, со Римската црква управувал во многу тешко време, тоа е времето на хунските и вандалските напади на Рим.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Симплициј.
Управувал со црквата од 468 до 483 година. За неговиот понтификат, во 476 година пропаднало Римското Царство. Црквата на христијанскиот Исток била вознемирувана од последиците на монофизитското кривоверство. Монофизитите ја негувале човечката природа во Исус Христос. Папата Симплициј се борел против овие тешки ерези во своите проповеди. Умрел во 483 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 февруари.
Денеска е Св. апостоли Архип, Филимон и Апфија.
Филимон се спомнува во Новиот завет: има едно послание од апостол Павле упатено до него. Живеел во градот Колоси, Мала Азија. Секој Господов ден во неговиот дом се собирале сите христијани од Колоси да ја прослават тајната на Благодарењето. Во своето служење на Црквата средечно му помагала и неговата жена Апфија. Во една пригода, двајцата биле затворени заедно со епископот на Колоси, Архип, како христијани, а потоа осудени од ефескиот регионален управник на маки и на смрт.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Кунигунда.
Била родена во грофовско христијанско семејство во Луксембург. Се омажила за баварскиот војвода Хенрик. Во 1014 година заедно со својот маж Хенрик во Рим ја примила царската круна. Како добра христијанка му била советничка на мажот. Тие немале деца и според тогашниот незаконски обичај нејзиниот маж можел да ја отпушти, но тој тоа не го направил. По смртта на нејзиниот маж во 1024 година, Кунигунда отишла во манастир. Потполно му се посветила на Господ. По 15 години живеела многу сиромашмо. Умрела во 1200 година. Хенрик и Кунигунда, папата Иноцент Трети ги прогласил за свети.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 февруари.
Денеска е Св. Лав Катански.
Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата. Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци. Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори. Се упокоил во длабока старост и бил погребан во црквата на свети Лукија.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Казимир.
Тој бил заштитник на Полска и Литванија. Се родил во 1458 година во кралскиот двор во Краков, како трето дете на полскиот крал и голем литвански кнез, Казимир Четврти. Додека неговиот татко престојувал во Литванија, тој бил во Полска. Не се оженил со ќерката на царот Фредерик Трети. Се одликувал со побожност кон Богородица и љубов кон сиромашните. Умрел во 1484 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 февруари.
Денеска е Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски.
Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св. Методиј Солунски). Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење. Кога после смртта на Константин Велики цар на источ¬ниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за пра-вославните епископи настапиле тешки времиња. Евстатиј, како и многу други, бил свргнат од катедрата и испратен во за¬точенишво, во Тракија. Неговиот плоден живот завршува во 360 година, во Филипи.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Иван Јосип од Крст.
Бил роден во 1654 година на островот Исехија во Италија. На 15-годишна возраст одлучил да стапи во редот на фрањевците. Во 1677 година бил назначен за свештеник. Господ го надарил со многу харизми. Му се обраќале некои светци, а меѓу нив и учениот Алфонз Лигуори. Биографите на Свети Иван ги набројувале неговите харизматски дарби: прорекнување на иднината и многу чудесии. Најголемо чудо било воскреснувањето на маркизот Јануариј Спада. Иван Јосип умрел во 1734 година.

 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 февруари.
Денеска е Наоѓање на моштите на св. маченици што пострадаа во Евгенија.
Во времето на императорот Аркадиј (395-408), на некојси клирик Никола Краснописец Бог му го откри местото каде се наоѓаа моштите на неколкумина маченици. Тоа место се наоѓаше во градот Евгенија. Се претпоставува дека меѓу нив се и моштите на свети Андроник и Јунија, кои апостолот Павле ги спомнува во посланието до Римјаните. Од таа причина, царот Андроник Први во дванаесеттиот век, над моштите на овие маченици, поди¬гна црква посветена на свети Андро¬ник.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Колета.
Била родена во 1381 година. Нејзиното вистинско име било Николета. Во 1406 година стапила во манастирот на припадниците на света Клара и станала милосрдна сестра. По цели денови и недели била во необичен молитвен и мистичен занес. Се одликувала со харизма на пророштво и чудесии. Колета умрела во 1447 година во фламанскиот град Гент.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 февруари.
Денеска е Св. свештеномаченик Поликарп Смирнски.
Свети Поликарп е една од најсветлите личности од поапостолското време. Живеел во првиот и вториот век и бил епископ на гра¬дот Смирна. Во 155 или 156 година во Смирна бил фрлен на ѕверо¬вите некојси христијанин Германик, кој храбро ја дочекал сво¬јата смрт во арената. Неговата смрт не ја задоволила толпата и таа го побарала и Поликарп. По епископот бил испратен цел одред војска вооружена до заби, иако Поликарп веќе бил влезен во длабока старост. Тој не се противел и сам тргнал по војниците. Проконзулот го осудил како христијанин и наредил да биде изгорен. Пред да го зафати огнот, го погубиле со меч.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Перпетуа и Фелицита.
Поради верата во Христос тие биле мачени во 202-та година за време на владеењето на римскиот цар Септимиј Север. Перпетуа била жена која потекнувала од угледна фамилија. Нејзиниот татко бил паганин, а нејзината мајка христијанка. Имала едно дете, а Фелицита и била слугинка. Кога се породувала во затворот, стражарот и рекол: "Ако сега толку викаш, што ќе правиш кога ќе бидеш фрлена пред ѕверовите?". Светата маченица му одговорила: "Сега сама ја поднесувам болката, но тогаш во мене ќе биде Исус".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 февруари.
Денеска е Прво и второ наоѓање на главата на св. Јован Крстител.
Од евангелската историја е познато дека Иродијада во една прилика ја побарала и ја добила отсечената глава на свети Јован Крстител. Неговата глава таа ја фрлила на буниште во дворецот на Ирод. Некоја си Јована, жена на управникот на домот на Ирод, ја зела главата оттаму и ја закопала на Маслиновата Гора. Подоцна главата ја нашол некој Инокентиј, и тоа е првото наоѓање. Нејзиното второ наоѓање е во петтиот век, кога веќе трагата и била загубена. Главата била пренесена во Халкидон, а подоцна во Цариград.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Иван од Господ.
Бил роден во 1495 година во Португалија. Во младоста бил овчар, а потоа војник. Во 1539 година ја слушал проповедта на свети Иван од Авил, по што се одлучил за духовниот сталеж и го основал редот на Милосрдните браќа. Повод за тоа бил и пожарот во една болница во Гранада. Додека мноштвото луѓе беспомошно набљудувале, свети Иван од Господ ги спасувал болните луѓе од смрт. Ја основал и првата болница за болните кои немале каде да живеат. Умрел во 1550 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot