ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 февруари.
Денеска е Св. Тарасиј Цариградски.
Свети Тарасиј беше ракоположен за цариградски патријарх во 783 година. Тоа е време кога беснееше иконоборечката ерес. Пред тоа Тарасиј беше сенатор и царски советник, а беше избран за патријарх по советот на неговиот претходник, патрија¬рхот Павле, кој тајно се повлече од катедрата во еден мана¬стир. Свети Тарасиј беше претседател на Седмиот вселенски со¬бор во 787 година, на кој му беше зададен решавачкиот удар на иконоборството. Ова големо светило на православната црква се упокои во 806 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Франциска Римска.
Била родена во 1384 година во Рим. По барање на нејзиниот татко, таа се омажила за Лоренцо Позианиј. Родила шест деца. По смртта на нејзиниот маж и децата основала заедница која се грижела за сиромашните и болните. Го чувствувала присуството и заштитата на својот ангел - чувар. Живеела покорен живот, се молела за грешниците. Умрела во 1444 година. Луѓето од градот Рим ја почитуваат како своја заштитничка.