Вегани

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
океј, тебе ти е уште понејасно него мене. Велиш „организмот се закиселува кога внесуваме храна со кисела ph“. Колку е пх на лимонот? Колку е пх на млекото?
Не знам точно, а и неможам да знам бидејки секој различно кажува, но општо познато е дека лимонот иако има кисел вкус е овошје кое има висока ph.
Е ај погоди за млекото. Најновите истражувања покажуваат дека има голема врска помеѓу внесот на млеко со губење на калциум, ај прочитај некој пост погоре и израчунај колку се 2+2.
Кажи ми земаш ли суплементи ? Знаеш ли што се антиоксиданти, знаеш ли што се слободни радикали? Пиеш ли витамин ц кога си болна?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Лимонот содржи лимонска киселина која не може да изврши неутрализација со киселина. Не може лимонот да биде базен кога е кисел. За да извршиш неутрализација со киселина потребна ти е база, а не уште една киселина.
Тоа со млекото и губењето калциум... (facepalm) Ова ко да напишам дека ако јадам спанаќ ми паѓа железото во крвта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не знам точно, а и неможам да знам бидејки секој различно кажува, но општо познато е дека лимонот иако има кисел вкус е овошје кое има висока ph.
Е ај погоди за млекото. Најновите истражувања покажуваат дека има голема врска помеѓу внесот на млеко со губење на калциум, ај прочитај некој пост погоре и израчунај колку се 2+2.
Кажи ми земаш ли суплементи ? Знаеш ли што се антиоксиданти, знаеш ли што се слободни радикали? Пиеш ли витамин ц кога си болна?
Не можиш да знајш колку е пх на лимонот оти секој различно кажува? Оф мори мајко, кисел вкус ама висока пх?
%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D1%82%D0%B8%D0%BA-%D0%B1%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B8-%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B0-23457534.jpg



Едит:

аскорбинска киселина шо е?
 
Последна промена:

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Ајде де најди ми аргумент против. Незнам колку пати и на кои се начини е докажано дека организмот се закиселува кога внесуваме храна со кисела ph и дека се алкализира кога внесуваме храна со базна ph и дека кога организмот е закиселен се разболува.
Тркни до кај матичниот и прашај, ке видиш дека и тој знае, не само секташите како мене.
Организамот нити се закиселува ниту се алкализира, си постојат пуферски системи која ја регулираат рН. Се под или над е патолошко(т.н. метаболичка ацидоза или метаболичка алкалоза). Тоа се одбрамбени механизми. Ако пробаш да ги нарушиш со внесување на било што сам си штетиш.

Едит:

аскорбинска киселина шо е?
Ја само на ова да одговорам, аскорбинска к-на е Вит.Ц
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не можиш да знајш колку е пх на лимонот оти секој различно кажува? Оф мори мајко, кисел вкус ама висока пх?
%D0%BB%D0%BE%D0%BC%D1%82%D0%B8%D0%BA-%D0%B1%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B8-%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%BC%D1%83%D1%81%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B0-23457534.jpg



Едит:

аскорбинска киселина шо е?
Лимонот има алкален ефект врз организмот бидејки при неговото распаѓање во метаболизмот произведуваат алкални остатоци.

Организамот нити се закиселува ниту се алкализира, си постојат пуферски системи која ја регулираат рН. Се под или над е патолошко(т.н. метаболичка ацидоза или метаболичка алкалоза). Тоа се одбрамбени механизми. Ако пробаш да ги нарушиш со внесување на било што сам си штетиш.
Нормално дека не може телото апсолутно да се закисели или алкализира, но постојат варијации на ph вредноста на организмоот и на тоа влијае исхраната, стресот, хормоните... Присуството на киселински отпадоци во организмот е нормално и организмот сам си се бори против истите, но во случаи кога сме под голем стрес или константно внесуваме храна која има кисел ефект врз организмот, тогаш се создава поголема количина од тој киселински отпад и во тој случај организмот нема капацитет целосно да се ослободи од истиот, затоа го складира во ткивата на органите.
Ph вредноста на организмот мож да се провери на лекар, не е тоа никаква измислица и не е ништо ново.
 
Последна промена од модератор:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Лимонот има алкален ефект врз организмот бидејки при неговото распаѓање во метаболизмот произведуваат алкални остатоци.
Океј, ова е повторно само една реченица извлечена од целосниот контекст на функционирање на телото.
Нормално дека не може телото апсолутно да се закисели или алкализира, но постојат варијации на ph вредноста на организмоот и на тоа влијае исхраната, стресот, хормоните... Присуството на киселински отпадоци во организмот е нормално и организмот сам си се бори против истите, но во случаи кога сме под голем стрес или константно внесуваме храна која има кисел ефект врз организмот, тогаш се создава поголема количина од тој киселински отпад и во тој случај организмот нема капацитет целосно да се ослободи од истиот, затоа го складира во ткивата на органите.
Ph вредноста на организмот мож да се провери на лекар, не е тоа никаква измислица и не е ништо ново.
Точно, организмот има свои механизми кои си ја регулираат рамнотежата. Точно, проблемот настанува кога ќе се забега во крајности. Затоа таа пирамидата на исхрана е таква каква е и вели дека треба да се јаде многу повеќе овошје и зеленчук одошто месо и млечни производи. Ама тоа не значи дека местото и млечните производи треба сосема да се исфрлат, не значи дека е ненормално и неприродно за човечкиот организам да се храни со месо и млеко.
Пх на организмот како се проверува? Преку урината и плунката? Тоа е само моментална слика на дел од организмот. Урината е отпадок, се исфрла од телото. Бубрезите ја регулираат пх на крвта и пх на крвта не можеш да ја смениш. Итн итн. Значи не може да се сведува функционирањето на организмот на една убава реченица која навидум ги дава сите решенија. Камо да беше така. А ако веќе се изнесуваат факти, тогаш изнесете ги докрај. Ама за такво нешто треба да си добро поткован со знаење за да можеш и да го сфатиш и потоа да го пренесеш тоа на друг. Хемијата на организмот е токму тоа - хемија, цела наука. Прекрасна, конкретна и прецизна.