Ваш омилен жанр на филмови

Највеќе преферирам да гледам:

  • Комедија

    Гласови: 27 60.0%
  • Трилер

    Гласови: 13 28.9%
  • Хорор

    Гласови: 14 31.1%
  • Акција

    Гласови: 10 22.2%
  • Вестерн

    Гласови: 2 4.4%
  • Научна фантастика

    Гласови: 9 20.0%
  • Авантура

    Гласови: 14 31.1%
  • Карате

    Гласови: 5 11.1%
  • Воен

    Гласови: 4 8.9%
  • Историски

    Гласови: 5 11.1%
  • Фамилијарен

    Гласови: 2 4.4%
  • Мјузикл

    Гласови: 3 6.7%
  • Документарен

    Гласови: 5 11.1%
  • Мистерија

    Гласови: 15 33.3%
  • Романтичен

    Гласови: 13 28.9%

  • Вкупно гласале
    45

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Комедија,посебно филмовите на Џим Кери,Стив Мартин и Робин Вилијамс ги гледам.Ништо друго не признавам.
Порано гледав многу хорори ама почнав да имам лоши сништа ради нив и сега избегнувам.
Акции,тоа не е за мене.Го менувам експресно каналот кога ке видам тој жанр на телевизија.
А избегнувам романтични филмови бидејки сум многу емотивна личност и знам да пуштам крокодилски солзи.
Тоа е тоа накратко (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MaNemoj and Ludaca

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
И јас сум голем филмоман. (nod) Акција како мал најмногу сакав, ама сега со тек на времето не толку зашто акционите филмови во денешницава се се едни те исти. (со иста или слична тематика) Комедија исто сум сакал отсекогаш, а сега дури и повеќе. Со купишта проблеми, комедијата ми е како дневна доза. Исто и авантура и научна фантастика во секое време, а од пред некое време и мистеријата ја ептен засакав.
Воен, историски, романтичен или карате филм само кога ептен нема што да гледам. Хорори, вестерни и драми ептен нејќам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MaNemoj

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
На прво место научна фантастика од класиката како Star Trek (сите серии и играни филмови), Star Gate (сите серии и филмови), X-Files, Twilight Zone, Battle Star Galactica, Firefly, се од Кјубрик па натака... Документарци поштувам ептен. Разни мистерии онака интересни ми се пошто ми задираат у научна фантастика. Акции сакам асални пуцачини со многу насилство (Кобра, Рамбо и нешто слично) :D Комедии секако (зар има некој што нејќе?), напнати психолошки трилери, поштувам и добри хорори кај што она што ќе ме исплаши е заплетканата психопатска приказна а не како овие срањава у задње време кај што хоророт го сведуваат на многу крв и гадни сцени со лешови и слично...
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Се сакам да гледам, ама највеќе кејф ми прават оние боречките..(punch)