Вашите новогодишни желби

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Изминатава година,
ќе биде забележана во меморијата,
затоа што,
направив нешто несвојствено за мене,
одглумив по некоја солза,
и оттурнав нешто убаво од себе,
затоа што тоа беше изнудено,
како една рима во една песна,
да продолжи еден живот понатака,
без мене,
достојно за паметење,
и не ми е жал,
така мораше да биде,
секако срцето говореше,
во тајмингот што му го дозволив,
да се искаже,
и се договорам со него,
да така испадне,
и се создаде денешниов ден,
сега сето тоа,
ми е некако драго,
и ми остави убав спомен,
и мотив за подобра иднина,
во која нема да бидам скромен,
и ќе го воздигнам времето поминато,
таму во тоа минато,
повисоко од небото,
затоа што во себе носам сила,
и големина,
поголема од галаксија,
и доблест сокриена во зрелоста,
која ми ја нанижаа годините,
во душава,
и никој нема право тоа да ми го одземе,
ниту пак може,
следната година,
ќе донесе нови предизвици,
кои нема да ме уништат,
затоа што постои надеж,
која никогаш не ме напушта,
и верува во мене,
како што јас верувам во неа,
доволен ќе биде,
еден дар од неа,
да се разбудам,
барем еден ден,
во добро расположение,
како ноќва,
и нема да ме сокрие,
позади секој насмев,
кој вирее,
во луѓето,
и во нив,
моите очи,
среќни,
затоа што тоа најдобро ми прилега,
како константа во времето.
 

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Скромно, да влеземе во Еу за да ми ја признаат дипломата и да ги тргнат визите за Америка.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Имам цела вреќа желби но најважно ми е здравје,љубов среќа и финасии за нормален жиовт,како на мене така и на најмилите и пријателите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

BadBoy007

Активен Член
26 септември 2016
209
166
43
Здравје, среќа, љубов, (cash), помирна година пошто 2016 беше доста бурна година, да си пловам мирно и безгрижно, многу км извозени со колата и бензинот да биде евтин итн. да си биде идеално ко што е таму некаде во универзумот. :D

rtss.jpg
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Секој да си го добие заслуженото, тој што заслужил добро од среќа и убавина да не куртули, но тој што заслужил лошо и што мислел дека може да ме измами сама ќе се погрижам да го добие тоа што му следи, кога најмалце ќе очекува :)
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Sakam zdravje i sreka za lugjeto koi gi sakam i za mene.
Sakam harmonija na umot i teloto , mir i celovitost.
Sakam nekolku stari planovi da se uspesno zavrsat za da ne mi tezat na glava.
Sakam poveke vreme da mu buljam vo oci i da se ogleduvam vo niv, sakam ljubov dvonasocna, nasmevki bez ogranicuvanja.
Sakam son i toj vo nego.
Sakam proshetki vo priroda ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar