Ваше мислење за хороскопскиот знак девица

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Единствено што знам е дека девиците секогаш ќе останат девици :p без разлика дека ја изгубиле невиноста :p
Се зафркавам.
Имам другар што е девица, премногу е добар значи. Знаеш дека секогаш е тука за тебе.
 

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Општи карактеристики за девица

Девиците се управувани од Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Ако вашиот знак е девица, тогаш сигурно сте многу љубопитни. Секогаш сакате да знаете сè до детали, потоа тоа го анализирате, формирајќи си свое мислење и преценка.
Многу сте слатки и наивни, но вашиот брз ум никогаш не пропушта ниту еден детаљ. Обожавате да анализирате сè! Фактички може да полудите, затоа што никогаш не престанувате да мислите. Одморете го малку вашиот ум решавајќи крстозбор, пишејќи приказна или подредувајќи го вашето биро.
Вие сте перфектен и прецизен работник, организирани сте и подредени. Поради вашиот перфекционизам, секогаш ги гледате грешките и недостатоците кај другите и понекогаш премногу ги критикувате вашите пријатели. Но, за сметка на тоа секогаш сте покрај нив кога имаат потреба од помош и никогаш не им велите „не“ кога им треба вашата услуга.
Секогаш внимателно ги слушате другите додека зборуваат и како резултат на тоа, секогаш им ги давате најдобрите совети. Вие сте од оние луѓе кои сакаат да им помагаат на другите, но никогаш не прифаќаат помош од нив. Оставете ги вашите пријатели да ви помогнат и да ве поддржат во тоа што го правите.
Во љубовта сте повеќе ладни и практични, отколку романтични. Како припадник на земјен знак уживате да бидете надвор, на отворено. Земјените знаци исто така се многу практични. Вие внимателно ги проценувате вашите одговори и никогаш не реагирате емоционално.
И за крај еден совет - пробајте да бидете малку поотворени кон луѓето околу вас. Не мора да бидете перфектни за другите да ве сакаат. Едноставно, бидете она што сте.
Симбол:
Девица
Симболизира:
Перфекционизам, аналитичност, логика, работливост, детализирање, потчинетост, ефикасност.
Елемент:
Земја
Планета:
Меркур – планетата на интелектот и комуникацијата. Во Римската митологија Меркур е пратеник на боговите, познат по своите аналитични способности. Тој е исто така познат по комуникациските способности, брзината и интелектот.
Ден од седмицата:
Среда
Боја:
Светло зелена
Број:
5
Скапоцени камења:
Сафир и топаз.
Најдобри професии:
Лекари, фармацевти, социјални работници, секретари, градежни работници, сметководители, библиотекари, медицински сестри и секакви работи поврзани со хигиена.
За да се спријателите со нив:
Поради тоа што ги сакаат деталите, покажете интерес кон оние детали, кои што обично не се забележуваат.
Дел од телото:
Стомак, половина, дигестивен систем.
Добри карактеристики:
Посветени, креативни, сакаат да помагаат, работливи, остроумни, практични, аналитични, перфекционисти, педантни, чисти, логични, остроумни.
Лоши карактеристики:
Самоуништувачки и самосожалувачки настроени, обожаваат да даваат совети и да ги затрупуваат другите со прашања, премногу критични, скептични, со комплекс за ниска вредност.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Бебешко лице, скитнички очи кои ја анализираат секоја ситуација.
Омилени работи:
Лаптопи, списанија, да се тушираат долго време со ароматизирани сапуни, концерти на отворено, пријатели од детството.
Работи кои ги мразат:
Мрзливи или вулгарни луѓе, крчми, зачинета храна, да го напуштаат својот дом, несигурност, нејасни работи.
Можете да ги најдете:
Како ги чуваат децата на соседите; како ги исполнуваат обврските, од нивните бескрајно долги листи за работи кои што треба да ги направат; чистејќи перфектно без да остане ни една дамка.
Скриена желба:
Да бидат херои!
Перземено од www.femina.com
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iskra

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Имам дома една девица и ќе ме убие ако најде непотребна папка како се метка по десктопот на компјутерот. :ladno
Перфекционисти:pomos. Интелегентни суштества со преголема желба да го нагласат тоа. По малку се досадни и наметливи.
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Моите 2 најдобри другарки се девици, и сестра ми исто така е девица.
Што знам шармантни, дружељубиви, твдоглави, сакаат да се во центарот на вниманието и обожаваат кога се во право. Манипулаторки и секогаш ме оставаат да ги чекам.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ќе кажам за мене и повеќе девици лоша особина е што не се за во тимска работа, ако се ќе мора да бидат главни. :D
Исто имаат доверба, но додека до дојдете до довербата ќе се помачете. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Девица мисли дека светот се врти околу неа и сака да е центар на внимание.
Машките девици се љубоморни, посесивни и сакаат секогаш да му стоите на располагање.
Женските многу емотивни, со променливо расположение, се ги вреѓа, не сакаат шега на нивна сметка, лесно се лутат и паметат некои сосема неважни работи :)