Вашето незаборавно пијанство

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Како и секој жив човек на планетава така и вие сте имале по некое незаборавно пијанство. Па опишете ја случката која секогаш ја памтите..

Ако има ваква темичка може да си оди во Рејсикл Бин.

Еве јас ќе го опишам моето прво и последно пијанство.
Ептен си се посрамотив дека беше денски а јас прв пат во мојот живот испив голема количина на пиво што незнаев дали лебдам или си стојам на подот. Му се исповратив на келнерот во кафе-барот па после морав да се трезнам и да перам маица и да го исчистам подот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and WomanInRed

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Ехе летово ми се деси да се препијам.
Си знам дека 2-3 водки ми се доста. Толку и испив на почетокот додека не се најдов со друштвото и му навалив на ликерот... Се препив од него. Дури пиев закон ми беше. И не знам уште што ми требаше да пијам вино..една чаша ама вредна.
Цела вечер повраќав, не можев да влезам во лифтот. А најстрашно беше што и сестра ми и другарката беа пијани. Камења..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
беше сабота....се собравме со друштвото и отидовме во диско.......јас прво почнав со водка.........отидоа 4...............после другарите велат ајде да пиеме текила ама на екс......како во филмовите :rofl.......и почнавме ајде една......па 2....па така та до 10......сите на екс за период од пола саат со се водката.......камења.........толку не сум се смеел во животот како што се смеев таа вечер бев исти како аватарот....ахахаах.......море и се отепав од мочање..........море и креветот после ми се вртеше ама добар беше....to be continued....:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto and emzzy

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Моето... е едно ли било? :(
Срам да ми е... И ми е.

Ама еве едно да издвојам. Си бев вратен од Скопје дома на викенд уште кога студирав. Излегов со другари во 7 вечерта, сме се опиле дефинитивно толку многу што незнам ни како сум станал од кафаната, ни како сум тргнал дома.
Единствено што знам е дека сабајлето крај 4ипол часот се разбудив. Ама во бавча кај едни комшии.
 

smeker

Староседелец
9 март 2012
768
979
1,103
Скопје
Многу одамна беше,:D бевме излезени на роденден кај другарка со друштвото, испивме премногу коњак се направивме дамла и памтам дека ме донесоа дома полицајци.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Средно .. прва втора година појма неам .. кај другар на име .. тоа виното, абе ко сокче од вишна беше :)
Си изнаправив глупости и си дојдов дома, трупче напраен :)
СЕ на се се имам опиено 3 пати, од тогаш алкохол во уста не сум ставил.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Natenceto

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ајде уште едно да издвојам кога веќе почнав да одвојувам.
Пред 6-7 години, во Охрид на одмор. Седнати на плажа цело друштво... Цела ноќ пиење до... немај-каде. Се препи од пиво до коњак, од домашна ракија до текила.
Што ни текна незнам, ајде се качуваме во кола ќе се возиме.
Останатиот алкохол со нас во кола, и ајмо низ град.
- сабајлето во багашник имавме скинат сообраќаен знак „Стоп“
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Ако почнам да кажувам ке ме хејта пола форумска раја пошо цело време ке идам пост испод пост и ке викаат види го мањаков билда мислења тука и лајкови ке ни собира копук еден. Ај кога ке ми биде готова книгата за пијанство ке ви пуштам еден примерок и ке му кажам на шефон темана за наградни книги да ја активира и да ја добие некој среќник книгата.