Ваша поезија

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
После нас,
свилено боиште,
низ кое пири,
молк од нежности,
бакнати со усни,
во часови доцни,
кои имаат толку да кажат,
а неми се створени,
да го сокријат,
тоа што во жилите,
тече и лекува,
и не сака да преболи,
во таа невистинита убавина,
пред нас,
утрото и самракот на таа болка,
сонцето ја води,
и бои,
оган и светица,
што со извор,
згаснува во мене,
целата си небесна,
целиот сум самотија,
ти не си веќе земска,
и ѕвездите не се сватови,
јавето пали свеќи,
да фрли сјај во нашите очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нежни лаги,
ти кажував долго,
не бирајќи зборови,
ножеви,
кои сечат копнежи,
залудни и далечни,
премостив толку невистини,
во магични и уморни ноќи,
будејќи се во непродадени сни,
болат се уште,
не закрепнуваат ко гола рана,
украдов туѓи очи,
да прогледам,
треперејќи,
чекајќи бавно,
не ме одмина,
не замина,
ти светла горчино,
ти виделино,
недостигаш сега,
недостигаше,
слеп бев,
не видов,
илјада среќни лица,
во нив пустина најдов,
не старееш,
не распукуваш,
како стар кофер,
изморен од носење,
сета бледа сенка,
ја растеш во плодот,
на свежо посеаното,
во чуден час,
налеваш тага во умот,
трчаш во инцест,
кој го направив,
од себе,
од тебе,
спокојно сонувај,
во уште една глува ноќ,
за мене,
за тебе,
која вистината те инспирираше,
јас бев свирепост,
уловена во маглата на будењето,
во која допирав бог од ѓавол,
која ниедна роса,
нема да ја прости.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Реков..
Ќе ти го напишам последното писмо и ќе ја скршам илузијата.
Реков..
Ќе те исфрлам од соништата,надвор во саканата реалност.
Реков..
Нема да те погледнам,никогаш повеќе..
Не со оној мој занесен поглед..
Реков...
Да ми беше судбина до сега ќе се случеше.
Реков..
Доста ме обземаше,
бивајќи моја опсесија,
ќе те заменам учејќи нов странски јазик.
Реков...
Немам храброст,
да ти го кажам премолченото.
Реков...
Се лажам,
измислив се,
те створив како мој идеал.
Реков...
Живеам во утопија,не го сакам тоа.
Во себе слушнав само тивко:
Верувај!
Љубовта ќе победи.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ја сонив крвта,
на твоите усни,
совршенство,
во кое екстазирам,
недопирајќи го,
не сквернавејќи ја,
таа к***а,
во која си облечена,
и заносно блеска,
и открива континенти,
и сокрива,
копнеж,
за тоа што недостига,
и пали скриен оган,
што го разгорува срцето,
и убива моето постоење,
ме разголува и продава на страста,
духот на твојот поглед,
го видов со затворени очи,
тоа божествено привидение,
ме излудува,
и ги краде сите ѕвезди од мојот космос,
вдишувајќи ги сенките од него,
егзистирам,
умирајќи во белиот мермер,
од храмот на љубовта,
чекајќи те повторно,
и повторно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Разбуди се,
излези од скршениот сон,
кој не е твој,
мене ми припаѓа,
не гледај во очите на ѓаволот,
нежна си,
остави го,
бол е,
мене ми припаѓа,
светот во кој сум црниот човек,
живеејќи под сонце од бел сатен,
кој душата ја голта,
во искасапена голгота,
која не ја бираш,
создадена,
за преодредените,
навидум перфектена,
и припаѓа на лагата,
во која никој,
името не ти го знае,
крстено и проклето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
"Нокти"
Сакам,
многу сакам,
да те гледам како ми се доближуваш
пред светлината да го гледам,
естетскиот облик на твојата коса.
Сакам,
сакам ептен,
да ми врежиш абстрактна уметност на грбов,
со нокти.
Зариј ги во мене,
тетовирај ме со нив,
ама од желба посилна од тебе.
Од нагон,
од посакување,
од сатисфакција.
Створи ми уметност,
да ја носам засекогаш, бар како спомен.10410182_10204007120883645_3667419677397739264_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ја собирам ноќта песочна,
од плеќите на пролетта,
тебе да ти ја подарам,
во коси да ти ја сокријам,
да разбуди едно бакнување,
до век напишано,
да со црн сатен лицево го прекрие,
поубаво од виножито,
кое во темнината,
скита,
толку блиску,
што од зорите во очиве,
вирее,
и без грев на дланките,
го ваје одразот твој,
заљубен,
кој го преживувам,
ден по ден,
со мисла од срцево,
погубна,
која прободува,
со болка уморна,
од крвта откината,
широко насмеана,
во театарот,
на тоа виножито,
кое не се догледува,
а е толку блиску,
како првиот ден јануарски,
а толку денови,
денови поинакви,
за други,
не и наши,
од молкот потивки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Се загледав во огледалото,
сосем случајно,
и не се препознав,
ја кажува вистината,
како и секогаш,
ликот,
туѓ е,
погледот,
сенка е,
притисната до крајот,
горам цигара,
ко да горам жива рана,
и низ димот ги следам,
сите тие луѓе,
кои поминале,
со сите тие чекори,
и нивни отиснати судбини,
на срцево од пластелин,
чинам ќе воздивнам,
за последен пат,
да ги заборавам,
од плочникот под нозеве,
крвта да ја оладам,
ги затворам очиве,
и само чувствувам,
по некој глас заталкан одминува,
помислив,
јас одамна не сум на тлото,
јас сум човек,
без име,
но не се предавам,
за миг на сонот му се предавам,
во него те барам,
да ги пресретнам,
тие темни очи,
што ноќе ја параат душава,
и во неа вдахнуваат светлина,
не знаејќи,
сила,
да дотрајам,
да постојам,
во тој еден ден,
во кој за прв пат,
ќе те допрам.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
working process, mirror 2

Погледнав уште еднаш,
во истото огледало,
да бидам сигурен што видов,
сега поинаков задник,
гледам,
не е истиот,
провев колку сакаш,
ако повлечам уште еден дим, мислиш ќе протече низ гаќиве,
таа скришна мисла,
низ уво ми ѕвони,
ги затворив очите,
да го пронајдам тој прдеж,
кој дамка не остава,
и вистина,
го пронајдов во тишината,
на твоите лисја суви,
кои нежно крцкаат,
и се кријат позади светлината врз огледалото,
тогаш сварив,
сенка или не,
небитно,
изненаден можеш да бидеш од двете,
и не е важно од каде е и колку ќе трае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Зборувам со луѓе разни.
Се разминуваме со моабетите,
завршуваме во ќор сокак.
Молчам со тебе.
И се е кажано.
Повеќе од тоа.
Се разбираме,
се познаваме,
си веруваме.
Живеевме ли животи пред овој?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar