Ваша поезија

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Поведи ме во утрото,
заведи ме,
жена, љубовница и робинка ќе бидам,
погледни ме,
со поглед на маж,
искрен, со длабочина,
да не создава мачнина,
од премолченото,
од некажаното,
од нестореното.
Подади раце,
и ќе ти се втурнам
за навек,
како зрак од сонце
ќе се укотвам
во утринава,
и ќе осознаеш
нови светови
на женската убавина.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Едно утро,
во едно време,
на еден бог,
зачнато,
во една млада пролет,
исткаено,
заведено,
од цутови и насмеви златни,
бесконечни,
под едно сонце,
волшебно,
таму,
во тоа едно,
можеш ли да ја насликаш,
таа средба,
а да не протечеш,
со солзи недоречени,
да напиеш жедно срце,
да симнеш превез,
да прогледа вистината во тебе,
самата да те доведе,
до мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Пушти ме вечерва,
во светот твој
полн со згаснати соништа,
и избледени илузии
на љубовта,
да слушнам
музика без ноти
и ехо од
кристална тишина.
Со пастел во црна боја
и прсти потопени во неа
добро засенчи ја
секоја проклета емоција ,
нежно зануркај низ
длабочините
на мојата душа,
претворајќи ја во мраз,
кој преку солзи
ќе го излеам ,
како секогаш,
не посакувајќи ништо друго
љубов најмалку,
премногу е,
и повеќе од доволно
за овој црно-бел портрет,
мој живот,
не го милувам,
во сонот го заспивам,
и заминувам
од се што сум јас
и се што не беше ти.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar, Prashina and Lena

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Со зборови,
ја купував љубовта,
низ темните сокаци сокриена,
стихови ко курви,
се тетовираа врз мојата кожа,
насликана перверзија,
прекрасна,
со калдрмави очи,
погледната,
твојата,
не ја пронајдов таму,
таа беше сокриена,
во светлината,
на една ѕвезда,
треперлива,
ми го осветлуваше патот,
по кој не знаеше моето срце да тргне,
беше тука,
силна и присутна,
но не знаев да те пронајдам,
не признавајќи си дека не посегнав,
сега скитам,
со песочни дукати,
во празни џепови,
барајќи те,
да те купам,
но ти некому се подари.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Уморен сум,
ноќи,
од вас и од себе,
не прозивајте ме,
јас се изгубив себе,
во вашиот танц ѓаволски,
ситночасовен валцер,
не довикувајте,
не сакам да се свртам,
одете си од мене,
испијте ја некому друг жеден,
светлината,
сенката моја,
одамна е нема,
ја нема,
ја изгубив бакнувајќи се со вас,
тишината на моите желби,
во сон ја претворивте,
ги затворам очите,
за прв пат,
не сакам да сонувам,
сакам пот и прашина,
мирис на цвет,
врз човек и тело.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти дарував љубов,
да ти ја излечам болката,
од друга љубов,
те љубев,
се уште туѓа,
се уште нечија,
ги лечев со моите усни,
твоите лузни,
од неговите бакнежи,
ги замивав неговите прегратки,
со моите допири,
со моите илјада прсти,
бев мртов пијан од љубов,
но прости ми,
ноќва не можам,
ноќва вистински ќе се опијам,
некому ќе бидам лага.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Би сакала да ја опишам
љубовта која ја чувам во себе.
Како?
Кога не постојат зборови за таа магија
која ме топли како оган
низ градите,низ телото,
па блескам како ѕвезда од неа?
Како да го опишам,
тоа шепотење на душата
кое ми создава внатрешна насмевка
која ме милува како тоа да се
најнежните допири кои постојат на
универзумот?
Како да ја опишам?
Ми фалат зборови,
ми фалат поими,
ми фали имагинација..
Ми фалиш ти до мене,да почуствуваш..
Очиве,
телово,
душава...
Сами ќе ти кажат..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Achernar

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ти се предавам вечерва ќе те чувствувам,
ќе те замислам,
ќе те опишам,
ќе се изгубам во светот обоен од илузија и скриени желби.
Ќе и дозволам на душава
да те наслика во најубавите бои.
Затоа што ме влечеш.
Како магнет од кој неможам да побегнам.
Се сокривам,
бегам,
исчезнувам,
а ти ми ги крадеш погледите,
ми го крадеш вниманието,
ме крадеш мене од другите..
Ме влечеш како струја низ морето
на љубовта,
од која не можам да испливам,
да се спасам,
да не потонам.
Ме влечеш,
а јас тврдоглаво те избегнувам.
Ме влече твојата харизма,
твојата едноставност
твоето се.
Ме влечеш и би се препуштила..
Но што потоа?
Се плашам да изгубам контрола,
над своите мисли,
над своите чувства.
Се плашам дека ќе биде предобро за да трае.
Се плашам да не остане само
пепел после оганот..
Се плашам,да се изгорам.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Од моите извори само тага извира,
од очиве кои солзат
мртва душа зборува.
Не тагувај таго,
има среќни ѕвезди кои трепкаат,
не склопувај очи ,
мрежа од пајажина се исплетува,
не корни коси,
тие сами паѓаат,
заспиј, заспиј,
и живот одсонувај.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Тоа не беше случаен допир.
Ме допре да ме почуствуваш..
Ме допре да се увериш дека постојам.
Ме допре да видиш дека сум жива,
а не твоја илузија..
Тоа не беше случаен допир на
моите студени раце..
Ме допре да ме охрабриш,
ме допре да ме разбудиш.
Ме допре да ме стоплиш..
Ме допре човеку,
да ми покажеш дека не си илузија.
Да ми покажеш дека постоиш,
ме допре затоа што си уморен.
Ме допре да си ја одмориш душата,
да се одмориш,
да починиш,
да здивнеш.
Ме допре мене недопрената.
Ме допре и ме растопи.
Се разлеав како зимскиот снег
од допирот
на пролетното сонце.
Ме допре..И ме опијани.
Мене недопрената,
ти недостижниот..