Ваша поезија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сакам да те допрам и да да оставам жиг на твојата душа.
Засекогаш.
Па да можеш да ме препознаеш
во некој друг живот.
Во некоја друга димензија.
Кога ќе бидеш некој друг ти и некоја друга јас.
Те допирам ли?
Со моето постоење?
Постојам ли во тебе како ти во мене?
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ajде,дојди
зачекори полека низ
коридорите на мојот ум,
да би се видел себеси,
твоја проекција во
моите валкани мисли,
во кои си мој бог,
нескротлива љубов,
мое посакување,
мој грев,
забрането јаболко
кое со сласт го загризувам,
раскинувам,
и без ни малку срам,
ѓаволов танц
ти нудам,
придружи ми се,
не плаши се,
мојата храброст е поголема
од твојот страв,
дај ми ги демоните твои
да ги убивам,
еден по еден
додека тивко те заведувам
со сензуални движења
на моето тело,
немоќно соголено пред тебе,
низ кое продираат
само зраците на пурпурната
месечина,
и во стаклената ноќ
секоја контура од него
ја осветлуваат со
волшебни нијанси на индиго бои
пресликувајќи се во зениците,
на очите кои љубов гледаат,
која ја препознаваш,
не препознаваш,
во дел од секунда
посакуваш,
ме посакуваш,
и не чекај,
земи ме,сакам,
наслади се со моето тело,
со допир магичен што здоболува
исцртувај низ него наши
светови и соѕвездија,
обљуби ме со твојата страст
на твој начин,
како што само ти тоа го правиш,
испишувај бели страници
со твојата љубов,
мој олтар,
пред пред кој понизно клекнувам
молитва на твоето срце прошепнувам,
услиши ја без зборови,
и претвори ја во вечност
бесмртна,
оваа наша перверзна
љубовна бајка.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Чекор кон животот

Се држам на работ на провалијата.
Еден чекор и пропаѓам.
Туѓо мислење ме прави нестабилна.
Ме занишува
како црвена
булка во полето
понесена од ветрот.
Напред паѓам
назад паѓам.
Не мрдам.
Балансирам.
Се собирам.
Дишам.
Во место на кое демоните играат
самовилси танц.
Се обидувам да го
најдам патот до
онаа страна,
каде птиците пеат,
и сонцето грее.
Ме осудуваат,
ќерка на темнината,
ме нарекуваат..
А не знаат колку се борам..
Против самата себе,
да не би повредила никого.
Против своите желби.
Против своите копнежи.
Против своите чувства.
Само еден чекор.
Само внимание..
Само трпение.
Само надеж..
Ќерка на темнината...
Ми ѕвони во ушиве..
Како паднатиот ангел сум.
Некогаш прекрасен,
сега со тажен поглед во очите и скршени крила,
загушен во ѓаволска долина,
сонувајќи за слобода.
Сакам да зачекорам во новата земја.
Дали е сакам доволно?
Чиста воља..
Сакам.
Сакам во новата земја,
земјата на љубовта.
Онаа господовата.
Го барам патот и
очајно се губам во лавиринтот,
паѓам и заспивам.
Се будам и повторно
почнувам.
Збунета сум.
Растргната измеѓу
доброто и злото.
Се дефинирам ли повторно?
Реков нема повеќе.
И нема да дозволам други
да го прават тоа за мене.
Јас сум.
Па која и да сум во сите улоги кои ги играм.
Мајка,
ќерка,
љубовница,
сестра,
пријателка.
Фали, насмевка да го замени
студенилото на моето лице.
Фали топлина во моето срце.
Фалат мисли и визии исполнети со љубов и оптимизам.
Си фалам јас каква некогаш бев.
Ми фали чекор надвор од
лавиринтот..
Чекор во животот.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Моето срце,
не љуби,
таму од каде доаѓам,
љубовта,
таа е нешто друго,
поинакво,
далечно,
само ти знаеш,
каде не можам да заминам,
без причина да одлетам,
и се заплеткувам,
во јалова модрина,
во која си ти,
а јас овде,
сум на милост,
и непостоење,
во свет со луѓе,
кои го продаваат телото,
како јас мојата љубов,
безвредна,
моето перо е сино,
помодро од бол,
најдрага моја,
бесмисленоста ја претвора во оган,
кој го сонуваш секоја ноќ,
во кој недогоруваш,
и се заведуваш,
повторно,
и бескрајно,
така поспана од се,
во некој сончев ден,
од небото благословен,
обоен од нашето минато,
ќе се разбудиш,
ќе прошеташ низ улица непозната,
со твоите потпетици вишна нагазена,
поцрвена од копнежот кој крвари,
ќе ме одминеш,
не приметувајќи ме,
во поветерец син,
ќе сетиш мисла,
која мириса на мене,
ќе те оживее,
на прагот од твојот чекор,
збор ќе напише,
кој ќе го препознаеш,
во градите ќе те пресече,
ќе сфатиш,
но доцна,
јас нема да постојам,
ќе бидам далеку,
од себе и од тебе,
се ќе биде залудно,
толку многу,
толку безживотно,
се ќе венее,
во тебе,
без мене.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Вселено ничија,
над твојот олтаρ,
κо солза вρела,
κапам,
не баρајќи ниедна утеха,
ниедна сила,
насмевκа што ρоди,
љубов ми пρодаде,
голема,
на залезот сончев што изгρева,
за сρцево пρемала,
κому да ја подметнам,
во чии пρсти да ја заведам,
на овој студ,
без душа топла,
на оваа милост гладна,
имам ρаце,
лажно што гушκаат,
мисла што не мисли,
цρта поρтρет во ќоρсоκаκ,
не сρетнуваќи ја,
таа што ме затρепеρува,
и не поминува κаκо плач дечји,
незаситен од жед за живот,
што во туѓи очи бол лечи,
зол не сум,
добаρ воопшто,
допиρајќи те во далечина,
сρебρена темнина,
се пρепознавам во дρуги допиρи,
κои се ѕвезди на небото огнено твое,
само една ќе пρепознаеш,
но во неκој дρуг живот,
во неκоја дρуга вселена,
ветена за нас,
млада и вечна,
во κоја љубиш и ќе љубам.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and diva orhideja

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Исчезни ,
ниту спомен не биди,
зашто на јарбол болка вееш,
јас постојам мртва,
како камен кип,
на болно минато.
Ништо не носам,
ниту за тебе, ни за себе,
само сенка на непрепознатливите,
само солза
душата да ја измиеш,
но и таа пресуши.
Оди и не се врти,
молчи,
јас се знам, знаеш.
Зборови не се потребни
таму каде делата
се заборавени,
и очите пресушуваат
таму каде нема љубов.
Сонувај други далечини,
на срцето блиски,
душа што исполнуваат,
копнежи што мамат.
Јас не сакам
празни зборови,
само илузија
јас сакам чистина
по која ангели одат
и смируваат демони.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Би го вратил минатото...
ти би ме прашувала за иднината...
Јас иднината не ја знев,ни тогаш,а ни сега.

Во сегашноста знам дека те повикувам...
и кој знае во која иднина ќе го прочиташ
ова кое е посветено за тебе...

Зашто нели...иднината не ја знам
туку само сегашноста.

 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Κого љубиш ноќва,
убава и сјајна,
нежно и тивκо,
во зимава пρолетна,
неκому ветена,
задишана од стρаст опојна,
на твоето лице цветно,
κој ли пρсти бои,
со ρацете што те милуваат,
и не сивеат во пепелниκот,
во κој тагата ја гасам,
и не успевам,
да не постоиш,
да не постојам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Капат твоите солзи,
молк за молк,
твој и мој,
врз моето лице румено,
на твоето срце студено,
со погледот наш загубено,
горат во моите очи,
копнеат и усни гризат,
сплотени,
во сета тага твоја и моја разгорена во чекање,
ме убива нежно,
те убива во соната од хор испеана,
боли и не преболи,
во сон кој не сони,
дивее во мисли кои шумолат,
некаде во нашата иднина ненапишана,
каде се може да биде и не може,
стоиме без раце подадени таму,
жалиме,
еден без друг,
се сме,
никој не смее,
се само не забораваме,
патот наш го знаеме,
вечен е,
на дланките наши од гатач изустен е,
во темнина и светлина,
за кои не знаеме,
во кој ќе се спознаеме.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да го тргнам ли погледот од тебе?
Чинам ќе ослепам,
ќе скапам,
ќе изгнијам во студенилото,
ќе се изгубам во празнината на мојата душа..
Црви ќе ме изедат..
Желна ќе бидам..
За тој поглед кој како ѕвезда деница ми
го светли патот.
Желна сум да те гледам
да те впивам во себе
се
додека некогаш конечно не ги затворам очите и заминам на оној свет.
Желна сум да ти ја испишам тишинава.
Желна сум да продрам во тебе,
во тие темни очи како зрак
светлина да ги
осветлам твоите сенки
кршејќи те
на милион парчиња..за потоа да
ти помогнам да се најдеш себе и
да направиш мозаик од сето
непотребно ѓубре насобрано во тебе.
Желна сум да ти ги опишам
сите тие погледи
и со тие зборови да ти ја допрам душата..
Како??
Како да не те гледам?
Кога за тие погледи живеам?
Кога тие очи ме прават жива..
Единствено тогаш се чувствувам целосна..
Единствено тогаш се чувствувам убава..
Само тогаш чувствувам дека
животот струи низ моето тело..
Каде да одам,
да се сокријам,
џенем да фатам?
Кога твоите погледи се запечатени во мозоков и постојано ги гледам пред себе?
Желна сум за тебе.
За твоите очи.
Желна сум за тебе во мене..
Мене во тебе.