Самиот наслов кажува доволно за темата. Прашањето е како вие го замислувате универзумот, како отворен безграничен простор или како нешто бесконечно/безгранично. Значи немора многу да навлегуваме во тоа како настанал, туку каков е неговиот изглед сега.
Мене ми се виде интересна и прифатлива идејата на неколку теоретски физичари кои универзумот го опишуваат во вид на затворен балон. Сфера која сепак има граници и е во фаза на ширење, а подоцна може да премине во фаза на собирање. А тоа ќе се случи тогаш кога ќе ја достигне критичната широчина, која се зголемува поради силата на инерцијата од Биг-Бенгот.
Универзумот исто така не би требало да има правилна форма, туку таа е донекаде искривена.
Имаше и некои интересни теории за постоење на повеќе универзуми во исто време, секој коегзистира посебно, а ги дели меѓупростор за кој нема подетални информации и што го исполнува.
Значи се случува реакција како онаа при Првата Експлозија и се раѓа нов универзум, некои се помлади, некои постари, а некои згаснуваат. ( читај String Theory )
Со ова се наметнува и прашањето, дали универзумот еден ден може да згасне и црните дупки се оние кои ќе проголтаат се или секогаш ќе има некој баланс и сила која ќе пружи отпор на гравитацијата од црните дупки.
Некои работи стварно се несфатливи и нема конкретен одговор, ама сепак секој има свое мислење и не е лошо да го сподели.