Вагата постојано е во потрага по баланс, без разлика дали станува збор за односите во љубовната врска, со пријателите или изборот на боите на облека. Овој знак преферира да „носи“ розови очила, со кои нема да ги гледа негативните работи кои се случуваат околу него, со цел да го задржи оптимизмот. Се смета за еден од најљубезните знаци во зодијакот и експерт во социјализирањето со луѓе.
Влијанието на водечката планета на вагите, Венера им создава потреба за одобрение од страна на другите луѓе. Уште поважно, вагата сака другите да имаат потреба од нејзиното друштво. Таа е способна да ги решава и најкомплексните ситуации на нејзин уникатен начин. Вагата е грациозен победник, кој размислува за оние кои ги покорила. Но, ако не внимава може да изусти многу бездушни работи кои дефинитивно нема да ѝ одат во прилог на победата.
Мозокот на вагата
Вагата има чувство за фер игра. Таа не може да се помири со фактот дека неправдите се дел од секојдневниот живот. Не е важно дали станува збор за некоја ситница како на пример делење чоколадо на две нееднакви делови или нешто многу значајно како поделба на територија. Според неа, сè мора да биде еднакво бидејќи не може да го поднесе фактот некој да успева на туѓа слава.
.
Чувство за рационалност
И покрај тоа што вагите оставаат впечаток на весели луѓе со позитивен пристап кон животот, под таа маска се крие ладен и бистар ум. На нив нема да им смета да ви го кажат точно она што го мислат за вас. Многу често вагата знае да претерува во забелешките кои ги упатува кон другите луѓе.
.
Колебање
Вагата е позната по нејзината особина да „мери“ кој е подобар избор меѓу две опции и овој процес на одлучување може да потрае подолго време, сè додека не ја донесе вистинската одлука. Во тој контекст, брзото одлучување е тешка задача за нив.
Секогаш во право
Друга особина на вагите е нивното верување дека се секогаш во право. Така размислуваат бидејќи секогаш внимателно ги разгледуваат аспектите на ситуациите и нивното внатрешно чувство на праведност „им кажува“ дека се во право. Дали е тоа навистина така? Најверојатно не е, но не обидувајте се да се карате со вага. Ако се спротивставите, тоа ќе ве доведе само до една исцрпувачка дискусија, во која на крајот тотално разлутени ќе морате да се предадете.
.
Убавина
Вагата има постојана потреба да изгледа убаво и чисто. И мажите и жените родени во овој знак, поминуваат долго време пред огледало, за да се уверат дека изгледаат чисто, дотерано и фризурата им е средена. Чувството на убавина им помага на вагите да се чувствуваат урамнотежено. Нивниот дом сакаат секогаш да им изгледа стилски средено и да мириса на свежо набрани цвеќиња. На крајот од краиштата, светот е полн со неправди, па доколку куќата на вагата не би била прекрасна, каде би го барала балансот во сета таа безначајност и алчност?!
Односи со семејството и пријателите
Вагата обожува да биде помеѓу луѓе и сака да се забавува. Таа е особено „во елемент“ кога има некој близок пријател или љубовен партнер до неа. Вагите повеќе од било кој друг знак го разбираат големото значење на спријателувањето со што повеќе луѓе и таа често има полза од цврстите врски кои ги гради. Пријателите на вагата секогаш доаѓаат кај неа да побараат љубовен совет, а таа ќе биде желна да им помогне со добар муабет. Има развиена смисла за хумор и често пронаоѓа шега во работи кои останатите присутни луѓе најверојатно би ги игнорирале.
Вагата најчесто е миротворецот во семејството. Додека во јавност вагата жестоко се бори за своите права, во приватниот живот сака мирни односи. Со текот на годините ќе сфати дека има неколку луѓе на кои ќе налетува цел живот, во непланирани ситуации.
.
Романтичната страна на вагата
Овој хороскопски знак е нежен и романтичен во љубовта, кој ужива во безопасни пријателски флертувања. Вагата треба да внимава да не биде погрешно сфатена од оние кои не ја разбираат палавата природа на овој знак. Кога има несогласување со својот љубовен партнер, вагата и понатаму се однесува со почит и интегритет, измазнувајќи ги „рапавите“ делови на дискусијата. Овој знак не се плаши да си прави самоанализи за да ги открие работите кои ги очекува од животот и љубовта.
.
На вагата најчесто и одговара љубовен партнер кој во хороскоп е: водолија, близнаци, стрелец, лав, вага и скорпија.
.
Професии
Овој знак има добро изострена перцепција во сите работи кои ги прави, додавајќи оригиналност и елеганција. Вагата има креативен и уметнички дух и најчесто се пронаоѓа во полето на: музиката, танцувањето, дизајнот и архитектурата. Овој знак исто така има добра комуникација со луѓето и умее да преговара, па тоа ги прави вагите соодветни во односите со јавноста и маркетингот, правото, политиката…
Среќен ден: петок
Омилени бои: сина, бледорозова, кремаста, сива и повеќето пастелни бои.
Животно мото на вагата: да урамнотежува сè околу себе.
Терезијата спаѓа во групата воздушни знаци. Седмиот знак по ред во хороскопот, има кардинални особини и постојано сака да биде во контакт со другите луѓе. Типичните Терезии се шармантни, духовити, друштвени, мразаат насилство.
Истовремено пријателски се настроени и знаат многу убаво да се изразуваат. Нивниот владетел, Венера, им дарувала убавина или привлечност со која магнетски влијаат на другите луѓе. Но, тие имаат и свои мани. Често покажуваат особини на неодлучност и насигурност кога е во прашање донесувањето важни одлуки. Немаат цврсти ставови во животот и често се обидувааат да го изберат најлесниот пат до успехот, обилно користејќи го својот шарм и пријателите. Терезиите, како што покажува и нивниот графички симбол, постојано размислуваат за најсовршените решенија. Секогаш се на страната на правдата, објективни се и ги земаат предвид сите мислења. Омилени се меѓу пријателите и друштвото поради нивната забавна и склона кон хумор природа. Самите, обожуваат да се најдат на места каде што ќе се дружат со луѓето, иако вообичаено сакаат да се дружат со пософистицирани личности (личности од повисоката класа). За таквите средби, една типична Терезија, ќе купи облека според најновиот моден терк и на тој начин ќе може лесно да биде забележана. Општо гледано, земајќи предвид дека изгледот за Терезијата е многу важен, можеби со право некои ги нарекуваат и снобови на хороскопот! Но, многу е лесно така да се оквалификуваат Терезиите а без притоа да ги споменеме и особините кои со право ги одделуваат од другите знаци и ги поставуваат на посебно место во зодијакот. Тоа е нивната моќ да всадат чувство на мир и хармонија во гневните и агресивно настроените луѓе. Истовремено, укажуваат дека сите сме еднакви пред Законот и според тоа сите имаме еднакви права. Оваа нивна карактеристика е многу ценета од другите, па Терезијата е еден од најомилените знаци во целиот хороскоп. Во животот ги води помослата да имаат покрај себе привлечен партнер, убаво наместен дом и весели приајтели. Ретко знаат да бидат груби и насилни, проблемите сакаат да ги решаваат по пат на дијалог.
Вага и работа
Нивната уметничка и нежна душа наоѓа сатисфакција во сликарството, музиката, пишувањето; уметноста воопшто. Венера им подарила истенчен вкус за естетика и затоа се големи заштитиници и мецени. Не можат да го замислат секојдневниот живот без пријатните звуци од радиото. Артистичноста и позирањето ги носат во водите на филмот и театарот. Некои од најпосакуваните медиумски ѕвезди се родени во Терезија. Нивната способност за мирно разрешување на конфликти ги води во политички води, па така се истакнуваат како дипломати, миротворци или членови на хуманитарни организации. Терезијата не сака да си ги валка рацете и пред се сака интелектуална работа. Поради желбата за надворешна привлечност, ги наоѓаме и во индустриите за козметика и конфекцијата.
Вага и здравје
Терезијата владее со бубрезите и внатрешните репродуктивни органи. Терезијата внимава на своето здравје, но има страв од болести и од доктори. Нејзиниот изглед и е многу важен па редовно користи најсовремени козметички средства за да ја оддржи младоста. Често може да сретнете Терезија како ги посетува салоните за убавина или фитнес, со желба во најубаво светло да се претстават на јавноста. Може да имаат проблеми со главата и запаленијата, посебно на кожата, и ако Венера и Сатурн во нивните хороскопи лошо се аспектираат. Инаку, важат за најпривлечните хороскопски знаци.
Вага и љубов
Љубовта им е толку важна во животот што без неа се претвораат во несреќни и кршливи личности. Кога љубат, тие се исполнети, весели и го опсипуваат партнерот со бакнежи. Сакаат привлечни, интелегентни партнери но истовремено, тие мораат да бидат доволно силни да се грижат за повеќе работи кои тешко им паѓаат на Терезиите (пр. миењето на садови). Во една врска, Терезиите верно го следат својот партнер, иако ги бие глас дека се неверни. Тоа се случува во оној период од животот (а такви ги имаат повеќе) кога не се сигурни кој им се допаѓа повеќе. Но, бидејќи исклучително ја ценат надворешната убавина, лесно им е да влегуваат од флерт во флерт, обидувајќи се да ја пронајдат вистинската љубов. Начинот на којшто го прават тоа е навистина неодолив. Широка насмевка, рафинирани манири и облека според најновата мода. Терезиите секого може да доведат до лудило. Но штом ја пронајдат вистинската љубов, тогаш за нив не постои никој друг и спремни се засекогаш да го делат доброто и злото со љубената личност.