Колку што знам јас Бонсаи не е растение туку јапанска уметност на одгледување растенија. Се одгледуваат така да се направат минијатурни верзии на дрвцата кои нормално би пораснале многу поголеми.Има повеќе видови на Бонсаи како што гледам. Тоа што е во првиот пост најчесто познат Фикус бонсаи затоа можеби и е поевтин во цена за разлика од другиве кои цветаат убаво. Баш ќе видам утре по цвеќарнициве дали имаат нешто вакво, убаво би се вклопило во дневна.
Колку што знам јас Бонсаи не е растение туку јапанска уметност на одгледување растенија. Се одгледуваат така да се направат минијатурни верзии на дрвцата кои нормално би пораснале многу поголеми.
Онтопик: Воопшто не ми се допаѓа минимализам, а со тоа и речиси се` што е по потекло од далечниот исток. Јас сакам и се трудам дрвјата кои ги одгледувам да израснат што е можно повеќе и да бидат што пораскошни, сосем дијаметрални на бонсаи дрвцата.