Широк сокак е битолскиот Sancta Sanctorum, она што е ѕидот на плачот во Ерусалим, Монмартр во Париз, Трастевере во Рим, Унтер ден линден во Берлин...
Можеби може да се фрли светло врз таа мистерија. Не знам колкав е вкупниот капацитетот на објектите кои виреат таму ама не верувам дека има повеќе од 400-500 столици. Што значи ако се полни сите - таму седат некои 0,5% од рајата која живее во Битола. Нормално, не секогаш се полни и не секогаш се различни фаци што дополнително кажува дека и не е некој голем обрт во прашање. Споредено со англиска вукојебина како Нориџ каде на стадион одат по 30.000 луѓе а карта е 40 фунти (околу 3.000 денари) плус дел од нив после утакмица пијат, јадат и трошат во околината......рандом сурат ќе потроши за одење на утакмица, заебанции и враќање над 60-70 фунти (4.500-5.250 денари) ако не и повеќе.
Кафе од 40-80 денари или пиво или сок....негово споро конзумирање (на незадоволство на газдите) и евентуално нарачување втора тура, заедно со кутија Родео или Вардар (ставени во употребена кутија од Марлборо

) прави 200-250 денари. Некогаш и упола од тоа. Така да не гледам место за споредба со некаков висок стандард поради висење на раја по широк сокак.
Настрана тоа, има раја со солидни примања која е мал процент но имајќи во предвид капацитетот на објектите - дава илузија дека рајата има пари... 50-100 души на широк сокак кои арчат над 1.000 денари. Wow.
Двата мобилни од кои едниот служи како украс, клучеви од непостоечки коли се финти кои и не се толку ретки...
Летно време тука е дијаспората да потроши некој долар и да си капариса чупе по можност... па ќе потроши по нешто, во надеж за среќна иднина.
И така се добива лажна слика на наводна благосостојба за време на криза.
А тука е и феноменот останат од времето на пролиферација на кабадаи кој што условува да не се плати сметка за струја но да се испие кафе, ракија, шприцер. Да се биде виден. Да се види. Што да се види е веќе друг феномен кој излегува надвор од мојот опсег а богами и желба за дедукција

.