Знаете ли дека на Охридско езеро,местото помеѓу Трпејца ,Заум и свНаум,се вика бермудски триаголник.Стар дедо Охриѓанец раскажуваше дека многу чамци порано кога ке оделе на риболов,ги снемувало без трага.Самото место Заум,до кого се доаѓа сигурно знаете,но да пишам пак,само со чамец,нема земјен пат,тоа место навистина дава некоја магична атмосвера.Последниот пат кога бев со друштво,на краток пикник,од мирно езеро за неколку секунди се кренаа такви бранови што сите не остави без здив.Сите чамци што беа толку се испревртеа,но за кратко време престана тој вител и езерото се смири.Има многу легенди зашто тоа место се вика Заум,ако некој знае може да раскаже.