Бермудски триаголник

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Бермудскиот триаголник е зона во Атлантскиот океан која се протега помеѓу Мајами - Берамудите - Порторико. Не се знае дали навистина нешто таму постои или се` се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе повеќе од кои не биле најдени.

Ова подрачје како бермудски триаголник го „крстил“ Винсент Гадис во натписот „Смртоносниот бермудски триаголник“, во 1964 година.

Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е да се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. Другото, е дека има пореметување на земјината магнетосфера. Некои пак мислат дека е човечка грешка, но сепак мистеријата за бермудскиот триаголник станува се поголема и по нејасна.
bermud10.jpg
Меѓу првите мистерии поврзани со Бермудскиот триаголник е пронаоѓањето на бродот Мери Селеста. Во 1872 година напуштениот брод бил пронајден околу 500 километри подалеку од неговата патна линија по која требало да се движи, помеѓу градовите Њујорки Џенова. Немало никаков знак од екипажот што бил составен од 10 луѓе, ниту пак се знаело што се случува со нив. Од бродот недостигал спасувачкиот чамец, но се останува мистерија. Се верува дека на местото на бермудскиот триаголник бил исчезнатиот континент Атлантида.

Некои од несреќите:
  • 1947: Воениот авион „C-45 Superfort“ исчезнал на 1.000 милји од Бермуди.
  • 1948: Четиримоторниот авион „Tudor IV“ исчезнал со 31 патник.
  • 1948: ДЦ-3 исчезнал со 32 патници и со екипажот.
  • 1949: Исчезнал уште еден „Tudor IV“.
  • 1950: Бил загубен џиновскиот авион „Globemaster“ на Американската воена авијација.
  • 1950: Американскиот товарен брод ЅЅ „Sandra“, долг 120 метри, потонал без трага.
  • 1952: Исчезнал британски транспортен авион со 33 патници.
  • 1954: Авионот на Американската морнаричка авијација „Lockheed Constellation“ исчезнал со 42 патници.
  • 1956: Хидроавион на Американската морнарица „Martin P5M“ исчезнал со 10 члена на екипажот.
  • 1962: Авион-танкер „KB-50“ на Американската воена авијација исчезнал без трага“.
  • 1963: Американскиот крстосувач „Marina sulphur queen“ долг 140 метри, исчезнал со целиот екипаж. Од бродот не биле дадени сигнали за опасност, ниту се пронајдени неговите остатоци.
  • 1967: Исчезнал и US-122 преправен во транспортен авион.
  • 1970: Му се губи трагата на францускиот товарен брод „Milton Latrides“.
  • 1973: Германски товарен брод „Anita“ од 20.000 тони исчезнал заедно со 32 члена на екипажот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
гледав многу интересен документарец на нејшнл џиографик за бермудски триаголник ... со премногу детали и факти за сите несреки !
ако го најдам на нет негде ... ке го постирам !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*, Marick14 and Ghtalpo

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Има ваква тема Мистеријата за Бермудскиот триаголник.
Мада исто и јас како 4FUN го гледав тој документарец
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Прва теорија е дека Американците на тоа место тестирале временска машина и оставиле вакум простор во кој нема материја, а кај што нема материја нема време. Што значи дека сите што ке поминат во тој простор се враќаат во периотод во кој е извршено тестирањето.
Втора теорија имало некоја понапредна човечка цивилизација пред нашата, која била многу поразвиена од нашава и се снадбувале со енергија од централи кои биле слични на атомските централи денес. Во околина на тој простор длабоко во морето се пронајдени градби. Тие градби некои сметаат дека биле на Атлантида. После некоја катастрофа (најверојатно во тие централи) континетот потонал, а како последица од таа катастрофа настанал бермудскиот триаголник... Има многу теории лично мене овие две ми се најинтересни :) а најновата е дека во тој простор излегуваат огромни меури од метан и као демек затоа се случувале тие незгоди што според мене е глупост.
 
cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината

првата теорија за мене е глупост
втората држе вода до некаде за атлантира али не е докажано каде точно е атлантида
а за метанот и за мене е глупост
имаше и една теорија шо вика
имало магнетно поле големо да не кажам огромно за да може тоа да го привлече
и сето тоа е океј ако има магнето поле и сето тоа да би можело да има катастрофа таква
прашањето е.....кај одат телата од лугето ??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Првата теорија и немора да е глупост, црната дупка во вселената што голта метеори, планети ... исто така фунционира на таков принцип, Хитлер имал поставено 9 дискови над Германија со цел да направи патување низ времето.. Сега за сега не сфатливо е за нашиот мозок како и многу други работи кои биле апсурдни во минатото...на пример пред 150 години никој не верувал дека ке може да се воспостави комуникација од еден на друг крај од светот...Имаше еден добар Руски документарец на оваа тема, ако го најдам ке го постирам на форумов.
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Прва теорија е дека Американците на тоа место тестирале временска машина и оставиле вакум простор во кој нема материја, а кај што нема материја нема време. Што значи дека сите што ке поминат во тој простор се враќаат во периотод во кој е извршено тестирањето.
Втора теорија имало некоја понапредна човечка цивилизација пред нашата, која била многу поразвиена од нашава и се снадбувале со енергија од централи кои биле слични на атомските централи денес. Во околина на тој простор длабоко во морето се пронајдени градби. Тие градби некои сметаат дека биле на Атлантида. После некоја катастрофа (најверојатно во тие централи) континетот потонал, а како последица од таа катастрофа настанал бермудскиот триаголник... Има многу теории лично мене овие две ми се најинтересни :) а најновата е дека во тој простор излегуваат огромни меури од метан и као демек затоа се случувале тие незгоди што според мене е глупост.

Не ми се верува да биле толку напредни тоа време. А и да направиле такво нешто. Јас сум повеќе за втората што ја кажа. Или соседите од Марс да направиле некоја збрка.