Сум била повеќе пати во Белград.
Имав шанси да шетам многу низ градот и преку ден и навечер. Супер места има, ми се допадна трговскиот Ушче, има добри кафани во она местото Силиконска долина што го викаат, една вечер ептен добар провод имавме таму

, дискотеката Тјуб, сплавови Фристајлер, Х2О , Амстердам, само тоа турбо фолкот ме отепа.. Пред две години летото го фатив и пиво фестот одма таму до Ушче трговскиот се одржуваше. Добро е за денска шема преку лето на Ада, има многу кафичи наредени еден до друг и добра музика, има за пиење јадење, лежалки, маси сепариња, кој што сака. Добро е и на Дунав, бевме на едно мало островче забораив како се вика, сите се сончаа знам ,а јас бегав под сенка. И нај убаво ми е горе на ски стазата горе на Кошутњак кај што седиш во тие кафичите како дрвени кукички што се, си пиеш кафе и го гледаш цел Белград. Ај ке ставам и некоја сликичка овие денови.