Барам филм

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Мислам дека филмов го гледав некаде 2006та. Се работи за група луѓе-колеги, ќе патуваат некаде мислам ќе снимаат реклама за фирмата или нешто слично. Еден од нив е наркоман и покрај многуте дроги што ќе си ги земе за по пат ќе земе и халуциногени печурки. Па ќе им се дупне гума, па таму кај што ќе најдат засолниште дали овој ќе им намести да земат од печурките или сами ќе се согласат да земат не знам, само знам дека ќе се случуваат чудни работи, убиства.. И нема да се знае дали е вистина или од печурките, пошто на една сцена гледаш убиство, а после жив убиениот...
Е сега понатаму не ми текнува, а на името па ич.
Ако го гледал некој нека ми каже, колку што ми остана во сеќавање мислам добар беше.
 

Lex.Kyuubi

Нов член
22 септември 2012
13
2
3
Konoha
Филмов го загледав од средината негде.Се работи за фамилија во која мажот е бизнисмен или нешо слично и спиет со секретарката..Дознават женаму и го бркат од куќата..Истиот имат две ќерки..Едната во последна година гимназија и дечкото шо требеше да ја носи на матура ја извиси.. е сеа дечкото игра рагби и ќе ја скрши ногата и неговите ќе заминат на одмор а тој ке се спријатели со таткото од девојчето кој ќе спие кајнего зошто немат каде.Заедно ќе одат на некој колеџ да видат и патем ќе играат игра на буква за кажување бенд.. После некое време на свадбата од поголемата ќерка таткото остава поклон камера за мајката шо снимал кај шо бил се што посетил и им кажува дека многу му е жал и сл. Се се средува и се смируваат луѓето со хепи енд..
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Барам еден филм повеќе ко документарец мислам дека би бил се пушташе често на МТВ македонски е збори за една група на диви копачи кои ќе откријат светилиште на големата мајка главниот всушност е добар познавач на тие работи и ќе тврди дека целата цивилизација всушност почнала од тука. Главен финансиер на тоа ќе беше еден бугарин , ама ќе ги фатеа некој бандити кои ќе ги искршат сите артефакти. Ова е снимено по вистински настан затоа што знам пишуваше дека копачот бил осуден на казна затвор , а подоцна продолжил легално да истражува во Македонија. Како дополнително инфо мислам дека цело време сонуваше сон за тоа место. Лазе Манасков ја толкува улогата на копачот ако некој знае како се вика или има линк ко овој документарец многу сум благодарен.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Филмот е за едно мало дете-околу 3-4 години кое ќе се удави во сон со врвката од едно коњче-играчка, па после мајка му нема да може да се помири со неговата смрт и постојано ќе го гледа, па ќе ја тера да се самоубие...
Сигурно филмот е стар над 15 години, сум го гледала како мала, од време на време ми текнува на него, баш сакам да знам како се вика.
 

Inspiration

Нов член
6 октомври 2013
8
18
3
29
Филмот е за едно мало дете-околу 3-4 години кое ќе се удави во сон со врвката од едно коњче-играчка, па после мајка му нема да може да се помири со неговата смрт и постојано ќе го гледа, па ќе ја тера да се самоубие...
Сигурно филмот е стар над 15 години, сум го гледала како мала, од време на време ми текнува на него, баш сакам да знам како се вика.





Мислам оти е некој од деловите на Nightmare (постарите делови)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не е со Фреди филмот што го бараш.Пробај сети се на нешто повеќе иначе тешко да се најде само по тоа. :)
Не е, сакав да и кажам на девојкава ако мисли на тие делови дека не е.

Па тоа е, на тоа се сеќавам. Детево во соба плаче додека се секасаат мајка му и татко му, па другиов ден гледаат дека се удавило со врвката од коњчето, го наоѓаат мртво, па имаат грижа на совест, до тој степен што мајкава (иначе уметник-сликар) го гледа нон стоп. Детево мислам имаше и мала сестричка, па неколку пати ја имаа спречено да изврши самоубиство, а таа им кажуваше демек си играла со братчето... Џими мислам се викаше мртвово дете.
Среќа што после +10 години и на ова се сеќавам. :)
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Не е, сакав да и кажам на девојкава ако мисли на тие делови дека не е.

Па тоа е, на тоа се сеќавам. Детево во соба плаче додека се секасаат мајка му и татко му, па другиов ден гледаат дека се удавило со врвката од коњчето, го наоѓаат мртво, па имаат грижа на совест, до тој степен што мајкава (иначе уметник-сликар) го гледа нон стоп. Детево мислам имаше и мала сестричка, па неколку пати ја имаа спречено да изврши самоубиство, а таа им кажуваше демек си играла со братчето... Џими мислам се викаше мртвово дете.
Среќа што после +10 години и на ова се сеќавам. :)

лелее ептен го знам филмот ама ај се надевам до после оти ќе ми текне како се викаше...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*