Балкански менталитет...

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Има така некои моменти во животот кога ви станува јасно дека светот ве доживува како млад мајмун на кој може да се експериментира, врз кој може да се изживува без никаква одговорност само зашто самите сте се согласиле од страв и неукост да бидете третирани како попречени во развојот...
Колку голем шутрак треба да бидеш за да се пријавиш во големиот брат ми е сосема јасно. Ама не ми е јасно, колку поголем дебил треба да бидеш за да го гледаш тоа. Уште појче што оваа бљувотина од шоу станува тема на разговор свекаде. Ги слушам муабетиве и не можем да се изначудим. Па добро, никој ли не се прашува што ни нудат овие телетабиси. А ова го гледаат и вашите синови и ќерки. Дали тие, за животна филозофија ќе го земат примерот од овие медиумски проститутки (не знам како подруго да ги наречам)? Никаде тука нема љубов, емоции, убавина. Tоа што Ви се нуди е паразитско и кретeноидно однесување...
Потврда за изгубени вредности кај нас е и уште еден феномен. Замислете денеска за да освоиш награда на квиз не треба да покажеш знаење од историја, географија, физика или од некои општествени науки. Не, награда се освојува за што поголемо време поминато во гледање на турски серии. Тоа нас ни станало репер за знаење. Па пред 3-4 дена уште појако, читам соопштение на канал 5: Поради медиумско покривање на пречекот на Јохан Тарчуловски, им се извинуваме на сите гледачи што нема да го емитуваме квизот среќни коцки со Драган Вучиќ. Пу јазк, штета голема, каков квиз ќе пропуштимо...
Ако продужи трендов на оглупуење на нацијава, нема да ме зачуди ако Филолошки факултет од наредната учебна година одлучи да отвори нов смер „модерен кретенизам“. Ептен ќе биде атрактивен...
Драги мои, македонскиот рекорд во скок со стап е 3.90м. (светскиот е 6.15м. - Сергеј Бубка) поставен во Ливорно пред 15-тина години. Тоа најверојатно е последниот македонец кој се фатил за стап, а да не е неговиот. Епа време е да заигра стапот и овде. Време је другови да се ухватимо за мотику и то говњиву, и да почнемо да го чистимо срањево околу нас...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Just Perfect

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Батка и тебе ти се спие.

Фала шо ни ги отвори очите.Ние не знаевме дека само шутраци го гледаат тоа.И дека сето тоа е за пари.Се ебат за пари.Го покажува чмарот за пари.Се е за пари.А народ гледа.И дрка.Само тоа останува да прави.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ние само кукаме...ова на програма не ми се допага ова не ми се допага...
И тие што го гледаат Велики Брат е само нивен избор...Ако не ти се допага ВБ не гледај..
Секој гледа што сака бре,не можеш да му кажеш дебил си ако гледаш.
Па поарно ке гледам како се е*аат отколку завивањата во турско индиските серии...|-(
Кои на депресија ме тераат...
А кога сме кај Драганче и неговите емисии не коментирам ништо...
Ке се воздржам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sesil

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
А демек Аси, Малата невеста, Бурни времиња и не знам уште кои многу позитивно влијаат на луѓето. Демек тие не ги отупуваат? Па не вратија сто години назад. Па не знам коа серија беше типот тргнаше на работа и ,,домакинката,, негова му фрлаше вода со бокал. Па ало бре коа ера сме? Овие се е*еле на тв, као демек некој не го праи тоа или нешто сите светици испаднаа па сеа се срамат од такви работи. Тоа е реалноста без разлика дали некој ке ја прикаже во реално шоу или не.
И коа сме кај квизовите ако веке квизот на Вучиќ е ѓубре, оти некој наместо на плука по него и со тоа само му ја дига популарноста сите пуштаат да видат каков е стварно, не го пофали некој ,,Круг на знаење,, на мтв, кој е далеку посериозен, подобар од овој првиот.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Од 17 до 00 моите по дома се во масовна хипноза (претпоставувам Коперфилд е љубоморен).Почнуваат со некои индиски преку турските па се до доцнежните со велики брат.Лошото е што се сихронизирани и се толку депресивни што никако не ја разбрав убавината кога пола серија е плачење...
Се плашам дека со распадот на Југославија пропаднаа навистина многу работи.
Имаше паметам порано навистина некакви емисии,па и сериски филм,еден во недела боље живот ама бар вредеше и знаеш што гледаш.
Нема ни дружење и гостите биднаа луксуз.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Со може да се земе нешто, не да се даде. Проблемот не е во телевизиите воопшто, од многу проста причина, не би прикажувале нешто што не е гледано, колку да пополнат програма. Која е смислата да прикажуваат нешто ако не прават пари од истото, преку реклами ?

Така да мое граѓанство, проблемот е во масите што се ѕ`ркнати 24/7 у телевизорите.
77165_587060284645307_1834616080_n.jpg

Ајт!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Redhead

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога сакаш да избегаш од сериите што го потресоа балканот и шоуто што ги сруши сите гледаности, едно од малкуте работи што ти преостануваат е да се дружиш некаде надвор т.е седнуваш на кафе муабет. Нормално, ако си човек како јас тоа не го доживуваш како промоција на новите штикли и цвикерите кои изгледаат како да носиш швајц апарат во ташна, него чиста дружба и два реда муабет. Седнуваш и немаш мир од еднолични муабети од типот: види ја па нели вчера истите патики ги носеше, по тренерки се појавила пак.. Се вртиш и гледаш две недифинирани суштества, на лице желба можеш да им стиснеш од пудра, два броја помал конфекциски број ултра мини фустанче и штикла 22 см. Ај да го ставам тоа на страна, си прочитал добра книга или си погледнал добар филм и сакаш да отвориш дискусија, да кажеш импресии или критики. И тука се соочуваш со муабети од тип па ајде бегај сега ќе филозофираме, 21 век е, мене последна книга ми беше касни порасни и тоа ми ја прочита мама.. И одма тука цело друштво паѓа од смеење и ти испаѓаш уствари оној досадниот во друштво што сите го избегаваат.
Значи џабе ти се сите вредности што си ги поседуваш, доволно е само да знаеш од чива кола се симна комшивката сабајлето за да бидеш почитуван.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Мајсторе извини шо нема да ти коментирам на темава ама Велики брат гледам само кога ќе ја покажат Сораја пошто е најсекси, иначе се запалив за темава, да искоментирам пошо видов балкански менталитет и најискрено ме мрзеше да го читам уводот твој, пошто тоа не е само увод туку цел есеј, а по коментариве сгатив дека се работи за Велики Брат и само ќе те замолам да го смениш насловот во Велики Брат или било како, пошо ако насловот е балкански менталитет јас мислев дека треба да се комуницира за балкански версус некој друг менталитет, пример, европски, американски итн, итн... и бај д веј мислам и дека фали една таква тема, дај направете, ме мрзи мене такви ствари да правам :sreken
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Мајсторе извини шо нема да ти коментирам на темава ама Велики брат гледам само кога ќе ја покажат Сораја пошто е најсекси, иначе се запалив за темава, да искоментирам пошо видов балкански менталитет и најискрено ме мрзеше да го читам уводот твој, пошто тоа не е само увод туку цел есеј, а по коментариве сгатив дека се работи за Велики Брат и само ќе те замолам да го смениш насловот во Велики Брат или било како, пошо ако насловот е балкански менталитет јас мислев дека треба да се комуницира за балкански версус некој друг менталитет, пример, европски, американски итн, итн... и бај д веј мислам и дека фали една таква тема, дај направете, ме мрзи мене такви ствари да правам :sreken
Па за џабе не ми е стаен у колумни, а у 5 саат насабајле и мене не би ми се читал... :)