Бакшиш

LadyD

Полноправен Член
Кога и да одиме со дечко ми, он плаќа и секогаш остава бакшиш. Едно време почнав да се шалам дека бакшижот зависи од тоа колку е добра келнерката
emoticon-0136-giggle.gif
шала на страна секогаш остава до кај 20/30/50 денари, понекогаш и 100.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
36
Скопје
Јас стално сум оставала и ќе оставам 10% од сметка АКО сум услужена според правила и прописи. Ако не, ич не се ни мислам дали да оставам бакшиш. А кога работев во кафич живеев од бакшишот пошто очигледно сум била фина келнерка и стално ми оставаа. Најголем бакшиш што ми дал некој е 980 денари :showoff
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Откако почнав да се дружам со луѓе што работат во угостителство,дури тогаш сфатив колку им е битен бакшишот и колку се надеваат на него. Во повеќето случаи им е поголем од дневницата.
Па во последно време,гледам секаде каде што ќе седнам на кафе,јадење, да остане нешто ситно и за келнерот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Бакшиш само на местото каде што одам веќе долго време, работи 24/7 и има кафе во секое време од денот или ноќта.
Таму оставам бакшиш, нешто ситно колку да не ми тропаат железни во џебови.
Поголем бакшиш оставам кгоа сум пијан.Еднаш ми се случи да направам скандал во еден локал каде што направив 50 еу и не сакав да му платам на газдата туку сакав тоа да му го дадам бакшиш на келнерот.Така и направив ама утре морав и на газдата да му платам :D
 

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
Оставам бакшшиш во зависност од тоа колкава сметка сум направила :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Имам работено во млади години како келнер и знам колку се радував и на 10 денари бакшиш, затоа што 20 муштерии со по 10 денари скоро цела дневница ми ја даваа, затоа и оставам, секогаш, независно од тоа дали бил заникаде келнерот.
Е сега морам да признам. На келнерки оставам повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Largo

Полноправен Член
15 јануари 2013
90
97
18
Оставам пошто знам дека многу мали дневници се даваат а не е баш најлесна работа