Во последниве месец дена по нашево Лице Тефтерче е актуелен муабетот околу Пиволенд,поточно
артистите кои ќе настапуваат,организацијата,местоположбата,цените на пивото. Како по обичај,се носат
неколку артисти кои сеуште носат слика од другарот Тито во внатрешниот џеб од јакната,се носат оние два бенда кои веќе сите ги знаеме,кои изобилуваат со песни со социјални теми,и пеат за буџав лебац и за тоа како немаат пари за ризла (колку може да е скапа ризлата во соседна Србија?). Се носат уште неколку артисти од иста бранша како и горенаведените,но помалку познати, Исто така,се собираат нашите добро познати плагијат бендови кои станаа резидент во скопски Колосеум и Хавана. Мислам дека повеќето од бендовите што се канат на Пиволенд мора да немаат издадено никаков музички материјал барем 7 години наназад,за кај народот да се разбуди некаква носталгија и мисла како во минатото било подобро,да се голта пена од пиво за која сте платиле стотка,ама нели,срамота е да стоиш таму и да не пиеш ништо.
Наспроти сето ова имаме спротивставени ставови по социјалните мрежи и маалски дискусии. Едните мислат дека програмата е ужас,дека цените на пивото се преголеми и дека Пиволенд би требало да се преименува во Паркингленд. Другите пак,оние што се навикнати на тоа кај нас да се прави фама околу музичар кој можеби се очекува да се распадне на сцена додека ја пее неговата најпозната песна,викаат: Па што очекувавте вие да се донесе тука,да не сакате светски имиња? Бидете задоволни со тоа што го имате,ако не ви се оди на Пиволенд,никој не ве тера.
Да ве потсетам,во последната деценија Македонија донесе прилично големи музички имиња. За љубителите на електронската музика тука беа Faithless,Prodigy,Skazi,Armin Van Buuren,Tiesto,David Guetta,за оние што се по хип хопот тука беше легендарниот DJ Premier,The Roots,Guru,Delinquent Habits,Afu-Ra,M.O.P,Fat Joe,B-Real,за оние поискулирани фаци,ги видовме и Gentleman,Manu Chao,за оние што се љубители на звукот на гитарата,имаа можност да ги видат Clawfinger,Kreator,Sepultura,Exodus,Terror,Gorgoroth и многу други,во кратки црти имаше за секој по нешто. Ама сепак,македончето како за се,така и за музиката сеуште го има оној комплекс и е задоволен макар и со најлошите балкански артисти,со изговор дека толку ни е капацитетот. Тогаш погледнете назад и видете кој се настапувал кај нас,и размислете уште еднаш,дали сме навистина способни да направиме фестивал во кој само ќе ги рециклираме старите музичари кои веќе ја завршиле својата кариера,и верувам бараат пристојна цена за настап,со изговор да купите скапо пиво. Не ги обвинувам организаторите на самиот фестивал,затоа што тие во вас гледаат прилика да се обогатат а притоа да не вложат. Само затоа што вие сте сеуште во тој сиромашен шаблон и без никакви амбиции и побарувачки. Тражили сте,гледајте.
Драги мои,Југославија се распадна,во случај да не знаете. Би Џиз веќе одамна не се актуелни,а и мислам дека ни беше доста од квази љубовни текстови придружени со акустична гитара. Оставете го минатото,и во сегашноста имаме одлични музичари за сечиј вкус,само што народот ги затрупа во мејнстрим музика и во мртви музичари. Ваша грешка е тоа што го прифаќате медиокритетот со кој ни го перат мозокот. Побарајте и ќе ви се даде. Или продолжете да живеете во границите кои ви ги поставува вашиот ментален склоп.