Ајкули и други морски животни/риби

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ајкулите се брзопливачки и генерално големи ‘рскавични риби познати по нивните остри заби, посебната грбна перка и вештина во лоцирањето на подводниот плен. Како и другите риби, ајкулите се генерално ладнокрвни и дишат со жабри. Но, за разлика од коскените риби, кои имаат скелет составен од коски, ајкулите и нивните роднини раи и химери имаат флексибилни внатрешни скелети изградени од ‘рскавица.
Како најдревни ‘рбетници во морето, предците на сегашните ајкули потекнуваат од пред речиси 400 милиони години. Денес ајкулите живеат на ист начин како што тоа било пред повеќе од 200 милиони години, пред подемот на диносаурусите. Научниците идентификувале речиси 375 видови на денешни ајкули, чии големини се движат од џуџестата кучешка ајкула (помала од 20 cm), па до масивната китовска ајкула, која е долга и повеќе од 15 m. Најголем број од ајкулите населуваат тропски или умерени морски води, но некои видови се најдени и во поларните мориња. Биковата ајкула ги напушта океанските води и навлегува во слатоводните басени (реката Замбези, Мисисипи и езерото Никарагва). Во зависност од видот, ајкулите населуваат плитки крајбрежни води или отворен океан. Некои видови, како шестожабрената ајкула, живеат на длабочини со повеќе од 1,800 m.
Без разлика на тоа каде живеат, ајкулите играат значајна улога во нивните екосистеми. Како високо ефикасни предатори, ајкулите ги одржуваат екосистемските популации со ловење и убивање на други животни, особено тие кои се слаби или заразени. Биолозите стравуваат дека без ајкулите, популациите на другите животни би биле огромни. Овие животни би ја елиминирале расположливата храна во нивните екосистеми, доведувајќи до масивно изумирање поради глад. Би биле потребни години, или дури декади, за да организмите во екосистемот ја постигнат деликатната рамнотежа за која ајкулите значително придонесуваат.

19042012205631_great-white-shark-1.jpg

Големата бела ајкула е единствен вид од родот Carcharodon од фамилијата Lamnidae. Carcharodon carcharias или бела ајкула, може да се најде во сите поголеми океани. Големата бела ајкула е позната по нејзината големина, може да достигне до 6 метри големина и 2,268 кг тежина. Белата ајкула најверојатно е најголемиот сегашен рибен предатор и една од примарните предатори од видот marine mammals. Единствен преживеан тип од родот Carcharodon. Најдобро продаваната новела и подоцна бестселерот од Steven Spielberg ја опижува белата ајкула како “див човекојадец”. Во реалноста, луѓето не се посакуван плен на големата бела ајкула.

White_shark.jpg

Што се знаете за ајкулите и другите морски животни и риби споделувајте тука.
Занимливости новости....итн.
 
близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Потребен им е проток на вода по телото, за да го конзумираат кислородот... затоа секогаш се во движење, НИКОГАШ НЕ СПИЈАТ, а додека се одмараат на дното тие се во полусвесна состојба.. дел од мозокот им одмара, другиот дел го забележува секое движење околу нив.
Од моментот кога ќе се родат, до крајот на животот тие ЛОВАТ без одмор, немаат територијалност што значи ајкула родена во бразилските води, може да "тркне" до нов зеланд по нови авантури..
Доколку некоја ајкула во јатото се повреди и пушти крв, тогаш останатите се претвараат во канибалци на сопствениот вид.
Ова важи за 95+% од различните видови на ајкули.. има исклучоци, но ретки се.
И да, ајкулите спаѓаат во топ животни за кои НАЈМАЛКУ знаеме ние и науката.
Тотално непредвидливи и скоро секогаш активни.
 
Е за тоа дека не спијат не сум знаел. А само за ајкулите важи дека не спија или за сите риби? Јас чував риби, и мислам дека спиеа, или како може да се каже тоа.
 
близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Е за тоа дека не спијат не сум знаел. А само за ајкулите важи дека не спија или за сите риби? Јас чував риби, и мислам дека спиеа, или како може да се каже тоа.

Нешто слично како хибернација на компјутерот. Таа се одмара, ги одмара виталните функции и мотористиката.. но очите и остануваат отворени и го забележуваат секое движење околу неа.
Фактички, ако дискутираме за свесна или несвесна ситуација, тогаш ајкулата секогаш е свесна за се што се случува околу неа. Значи не спие. Само одмара и тоа многу кратко....
 
Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И мора да кажам дека осеќаат крв. Сетилата им се многу јаки изгледа. И а почуствуваат отчукување на срцето на човек или крв, напаѓаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Slatki4ka

Полноправен Член
17 февруари 2012
60
42
18
Уф колку ја мразам...ова е нешто навистина страшно...јаоо луѓе ова да ми излезе ја не ни покушавам да барам спас ке и се предадам сама , убав ручек ке има од мене...туку што би правеле вие да сте во нејзина близина???
 
близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Уф колку ја мразам...ова е нешто навистина страшно...јаоо луѓе ова да ми излезе ја не ни покушавам да барам спас ке и се предадам сама , убав ручек ке има од мене...туку што би правеле вие да сте во нејзина близина???

Види... некогаш човек може и над вода да :trca ... целта ги оправдува средствата :rofl