Амајлија никогаш сум немала и не верувам дека би ми била од корист и да ја имам.
Тие што си имаат и што си ја носат нека им донесе среќа, мене сеедно ми е а со нејзе, а без нејзе среќа немам : )
Него, кога ја видов темата се сетив на една амајлија која прво ја видов како се продава со тони на Бит пазар, па после и кај неколку новороденчиња. Иако имам читано повеќе сценарија за таа амајлија и од кои повеќето кажуваат дека уствари ја користат муслиманите, не ретко среќавам и наши мајки им ги закачуваат на бебињата да ги чувала од уроци.
Се работи за амајлијата Назар или окото на Назар-ѓаволовото око.
Иначе приказните за моќта на оваа турска амајлија се приближно вакви.
Порано имало некоја карпа која никој не успеал да ја помести ни урне, па кога дошол некој човек кој на себе го носел Назар карпата сама по себе распукала и се распаднала.
Исто и бебињата кои се разболувале а не знаеле од што, болеста ја нарекувале Назар, ја закачувале амајлијата на бебето и кога таа ќе пукнела или ќе се скршела верувале дека бебето е заштитено и дека амајлијата го победила злото.
Верувале дека ово ѓаволско око ги штити од несреќи и уроци, но исто и дека привлекува и пофалби.
Гледам и девојки го носат како ланче или нараквица, како моден детал, а доста и си го носат и како амајлија.