Се сеќавам еднашка како сум се изнасмеала онака на глас, а сум сонувала некоја глупост, во сон тоа ми било многу смешно, се осетив дека се смеам ко ретардирана, коа станав, еј си велам боже... Па воопшто не било смешно, шо толку се изнасмеав и тоа реално... Чудно некое чувство.
Потоа имам еднашка вриснато силно, многу силно, дури татко ми, ми влезе во соба, ме чул, ме праша што ми е, му реков куче оти ме каснало.
А, мене не ми текнува на ништо од ова, он ми го кажал ова, утредента.
Потоа сум брмчела, сум сонувала неколку пати по ред како паѓам, се фрлам од тераса, мислејќи дека имам крила
Нешо као ангел, чудно е чувството кога сонуваш дека паѓаш во сон, као целото тело да ти се омалаксува, опушта, сигурно знаете ако сте сонувале нешто слично (тука сум зборувала, јасно и гласно).
и друг сон на кој се сеќавам ми е, кој сум го сонувала неколку пати по ред и сум се будела со тахикардии, како ме брка некој човек, ја трчам, трчам, низ шуми, низ ридови, потоа се префрлам во моето основно училиште, ме брка, не може да ме фати, а јас вешто му се кријам кријам, нозете ме издаваат, као не можам веќе да трчам... ГО ГЛЕДАМ, ИДЕ КОН МЕНЕ, ОФКАМ, Мафтам со нозете, абе катастрофа... И паѓам. И се будам
Целата испотена.
Последниот сон шо сум го сонувала некако ми беше многу реален, као реално да се случуваше сето тоа и дури и кренав висок крвен притисок.
Дронови не бркаат од горе, јас, братучед ми и девојка му провалуваме у банка и на крајот неа ја погодуваат ја плачам онака у сон... Се потресив бајѓи, дури и сум станала плачејќи
И така, во сите овие соништа сум станувала испотена, плачејќи, имам вриснато, зборувано... Стенкано...
Често ми се случува