Активен сон | Црнобело Форум

Активен сон

Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Дали ви се случило да зборите во сон или можеби сте се смеле, ви го има ли кажано тоа некој досега?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Дали ви се случило да зборите во сон или можеби сте се смеле, ви го има ли кажано тоа некој досега?

Мене не ми се случило, ама затоа се газам од смеење брат ми кога зборува во сон. Ми зборува за факултет, како треба да правиме некој проект и дека треба да одиме некаде хахаха
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
40
Мене ми се случило ама многу ретко. Мајка ми редовно ја слушав на времето како мрчи нешто во сон, а сестра ми се кикотеше како удрена со мокра чорапа.
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
29
Скопје
Се сеќавам еднашка како сум се изнасмеала онака на глас, а сум сонувала некоја глупост, во сон тоа ми било многу смешно, се осетив дека се смеам ко ретардирана, коа станав, еј си велам боже... Па воопшто не било смешно, шо толку се изнасмеав и тоа реално... Чудно некое чувство.
Потоа имам еднашка вриснато силно, многу силно, дури татко ми, ми влезе во соба, ме чул, ме праша што ми е, му реков куче оти ме каснало.
А, мене не ми текнува на ништо од ова, он ми го кажал ова, утредента.
Потоа сум брмчела, сум сонувала неколку пати по ред како паѓам, се фрлам од тераса, мислејќи дека имам крила :rolleyes: Нешо као ангел, чудно е чувството кога сонуваш дека паѓаш во сон, као целото тело да ти се омалаксува, опушта, сигурно знаете ако сте сонувале нешто слично (тука сум зборувала, јасно и гласно).
и друг сон на кој се сеќавам ми е, кој сум го сонувала неколку пати по ред и сум се будела со тахикардии, како ме брка некој човек, ја трчам, трчам, низ шуми, низ ридови, потоа се префрлам во моето основно училиште, ме брка, не може да ме фати, а јас вешто му се кријам кријам, нозете ме издаваат, као не можам веќе да трчам... ГО ГЛЕДАМ, ИДЕ КОН МЕНЕ, ОФКАМ, Мафтам со нозете, абе катастрофа... И паѓам. И се будам :D Целата испотена.

Последниот сон шо сум го сонувала некако ми беше многу реален, као реално да се случуваше сето тоа и дури и кренав висок крвен притисок. :(
Дронови не бркаат од горе, јас, братучед ми и девојка му провалуваме у банка и на крајот неа ја погодуваат ја плачам онака у сон... Се потресив бајѓи, дури и сум станала плачејќи|-((facepalm)

И така, во сите овие соништа сум станувала испотена, плачејќи, имам вриснато, зборувано... Стенкано... |-(
Често ми се случува:^)