Аикидо

Boyka

Истакнат Член
14 февруари 2012
258
735
93
Skopje
Аикидо (合気道 Aikidō, или 合氣道) (во буквален превод „Начин на хармонизирање со енергијата“) е модерна јапонска боречка вештина. Основана е во периодот од 1930. до 1960.годинa од г. Морихеи Уешиба (Morihei Ueshiba) (наречен од аикидоките - О сенсеи - што во превод значи Големиот учител). Технички, главните делови на аикидото се превземени од Daitō-ryū Aiki-jūjutsu (大東流合気柔術) , една школа на џуџуцу со многу придружни техники од кенџуцу (剣術, kenjutsu) - јапoнски вештини со меч. Една од позначајните причини за остварувањето на посебност на аикидото во однос на другите боречки вештини, е влијанието од сектата Оомото Кјо – Шинто огранок, каде што членувал Морихеи Уешиба. Поради влијанието што Шинто религијата го извршила за негово создавање, многумина мислат дека аикидото е нејзин израз, но тоа не е точно, за што ни сведочи и неговата распространетост ширум светот. Религијата е нешто што е потполно одвоено од аикидото.
Оној што вежба аикидо се нарекува аикидока.

Поимот аикидо

Јапонскиот збор аикидо е составен од три слога,
  • - аи - складно здружување, хармонизација
  • - ки - енергија
  • - до - начин
Преведено како „Начин на хармонизирање со енергијата“, името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, која се состои во принципот на неотпор. Овој принцип подразбира аикидоката да не се потпира на својата физичка сила во текот на борбата туку со точни и навремени движења да успева да ги пренасочува нападите на противникот не блокирајќи ги и не судирајќи се со нив.

Историјат

Аикидото е резултат на синтезата од боречки вештини кои основачот ги совладал во текот на својот живот и на влијанието од неговите идеолошки гледишта и определби. Денес, бидејќи практикувано насекаде во светот, аикидото еволуира и постојано се преиспитува и се здобива со нови значења и изрази.


Техники

Техниките на аикидото содржат удари, фрлања и лостови, всушност сѐ она што би се користело во борба со голи раце. Она што тие техники ги прави специфични, е токму принципот на ускладување и движењата кои се користат да го пренасочат и неутрализираат напаѓачот. Се одликуваат со широки и постојани, континуирани движења, но тоа не е задолжителна форма. Бидејќи аикидо техниките бараат од вежбачите постојано движење додека се изведуваат, тие се соодветни за одбрана од повеќе истовремени напади. Но тоа е условено од повеќе фактори. На (условно) највисокото ниво на аикидо, поединецот може да ги користи овие техники за самоодбрана без нанесување сериозни повреди на напаѓачот. Ако правилно се изведуваат, големината и јачината на противникот не е важна за нивната ефикасност. Се смета дека аикидото е најтешка боречка вештина за совладување меѓу оние со потекло од Јапонија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Hip.Hop_MKD