Азија

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Иран и неговото богатство со нафта

Кога станува збор за нафтата значајно е да се напомене дека таа во денешно време претставува еден од најважните енергенси во светски рамки. Истата е застапена на повеќе подрачја во светот, меѓутоа овде ќе стане збор конкретно за државата Иран, односно Исламската Република Иран.
Притоа, важно
where-is-iran-1-300x300.jpg

е да се има предвид дека Иран претставува, условно кажано, затворена земја и поради тој факт доаѓањето до најпрецизни и најточни податоци за техничките операции и зафати на самиот терен е отежнато.
Иран припаѓа на Југозападна Азија, но често го вбројуваат во Среден или Блиски Исток. Овие политичко-земјописни поими настанале во овој век и означуваат азијски земји кои се стопански и политички свртени кон Европа или Северна Африка.
Иран е земја на високи планини и висорамнини, како и пространи неплодни пустини. Тој е распространет меѓу Каспиското Езеро на север и Перскискиот и Оманскиот Залив на југ. Овие наведени региони имаат голема значајност во светски рамки заради поседувањето на нафтата како мошне важен енергенс во целина.
Во однос на административната бележаност, односно политичката карта, оваа земја се граничи со 7 (седум) соседни држави. На север, Иран, се граничи со Ерменија, потоа со Азербејџан и Туркменистан или Туркменија, на исток со Авганистан и Пакистан, запад со Ирак и на северозапад со Турција. Во овие рамки, односно граници земјата зафаќа 1 648 195 km2, а на оваа територија живеат околу 75.9 милиони жители, меѓутоа оваа бројка на жители е дискутабилна бидејќи за истата се мисли дека најверојатно е поголема за околу 20%.Иран според бруто-домашниот производ, кој изнесува околу 900 милијарди долари е на 18-тото место меѓу државите во светот. Економијата на Иран најмногу се базира на огромните резерви на нафта и природен гас, а стопанисувањето на нафтата и природниот гас е од страна на државата.Иран е втор најголем произведувач на нафта на Блискиот Исток и меѓу најголемите 4 (четири) производители во светски рамки. Најголемите и најбогатите наоѓалишта на нафта се наоѓаат во поречието на реката Каруна, во пределите на Абадан, Мешен Сулејман, понатаму во Ахваз, Гахсаран, Ага Јари, Карањ, Марун, Дархорин (област Хузистан), потоа Карманшах, во северните делови на земјата, југоисточниот брег на Каспиското Езеро и во средишниот дел на земјата.
Според властите во Техеран, Иран е дом на околу 150 милијарди барели на нафта, односно трет во светот, со околу 10% од вкупните резерви на нафта. Извезува околу 4 (четири) милиони барели нафта дневно, додека за домашни потреби користи околу 1.6 милиони и таквата потреба сеуште се зголемува.