Азија

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)
Азија е централен и источен дел од континентот Евроазија, дефиниран со исклучувањето на европскиот полуостров од Евроазија. Геолошки и географски, Азија не е ниту континент ниту потконтинент.
Меѓутоа ако се земе и островскиот дел на Азија, тогаш најсеверната точка се наоѓа на островот Северна Земја (81 СГШ), а најјужната на островот Роти (11 ЈГД) кој се наоѓа во групата на малите сундски острови.
Уште од античко време границите помеѓу Европа и Азија се јасни и одат по линијата на Егејското Море, Дарданелите, Мраморно,Босфорски проток и Црно Море.
Бреговите на Азија се меѓу најразгранетите на Земјата.


Држави :

 
  • Like
Реакции: Gemini and Minella

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Е па ај да ја мрдниме темата за Азија..
Има многу интересни држави..искрено не ми се живее баш во никоја азиска земја..но имам мерак да посетам неколку..
Во последно време тренд ми е Индија...(најверојатно од индиските серии), нивните обичаи, адети, традиција. Втора во светот по број на население или 1,147,995,904 жители...Главен град Њу Делхи..Индија станува една од брзорастечките економии во светот, сепак, земјата продолжува да се соочува со сиромаштијата, неписменоста..

Индија го има нај убавиот храм во светот Таџ Махал кој го изградил царот Шах Џахан во чест на својата жена, која не можел да ја преболи по нејзината смрт.

Храмот го граделе 22 000 работници и целиот е изработен од бел мермер...
Интересна карактеристика е облеката што ја носат жителите на Индија, односно традиционалното “сари“..и впечатливите светли бои...Има многу што да се пишува овде, и секако за тоа е темата...но последно што слушнав дека во Индија јаделе уши од слон, и тоа сецкани и пржени и ги јаделе како грицки..(страшно :)
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Тибет е висорамнина во Централна Азија и е дом на тибетанскиот народ. Се наоѓа на надморска висина од 4900 метри и е наречен како Врв на светот. Најголемиот дел од историскиот регион на Тибет денес е во составот на Кина. Под Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од провинциите Амдо, Кхам и У Цанг. Во минатото Тибет бил независна држава, во 1951 година бил окупиран од страна на Република Кина. Владата на Тибет предводена од 14 иот Далај Лама била присилена да ја напушти татковината и воспоставила влада во егзил во Дармсала, северна Индија.

Владата во егзил бара независност на Тибет, повикувајќи се на историското право и постоење на древната тибетска држава. Таа продолжила да го користи знамето, чие прикажување владата на Кина го има забрането за да ги одврати тежнеењата за независност.




Тибетанците се познати по уметноста на лечењето

Тибетската медицина е една од најстарите традиции во светот, со историја од над 3.500 години. Постојат повеќе добро етаблирани практики како што е, на пример, употребата на остатоци од јачмен од Чунг (тибетско пиво) врз отечени места, пиење на топла вода за подобро варење на храната или употреба на стопен путер за запирање на крвавењето или за лекување на раните. Овие практики се развиле од искуство и се пренесувале со векови од генерација на генерација. Тие се и основа за развојот на уметноста на лечењето на Тибет.

Има големи разлики меѓу тибетската медицина и западната. Добар пример за почеток се коските. Додека западната медицина брои 206 коски кај човекот, тибетската зборува за 360 коски.
Коските се особено важни во тибетската медицина, не само поради нивната улога во структурирањето на телото туку и поради тоа што тие се дел од Патот на каналите што пренесуваат животна енергија.
Тибетските лекари настојувале во човечкото тело да останат сите делови, па затоа хирургијата била неприфатлива.
Додека на Западот добрите доктори се едни од најплатените луѓе, не е нормално еден доктор на Тибет да земе пари за лекување. Никогаш. Етиката на тибетските доктори не дозволува никаква плата. Доколку пациентот е задоволен, може да му остави подарок или храна на докторот.

Далај лама е врховен поглавар на тибетските будисти, што го сметаат за бог на земјата, а не само божји намесник. Оваа традиција потекнува од 1391 година. Ламаистите веруваат дека далај-ламата е бесмртен, дека му старее само телото и, кога тоа ќе умре, неговиот дух поминува во некое момче што е однапред определено за наследник на покојниот лама
 
  • Like
Реакции: Anakin and parvati

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Меѓу сите градби на светот, големиот кинески ѕид е далеку најголемиот. Со должина од 2450 км, се протега од брегот на Жолтото море па се до степите на централна Азија. По правило е висок 16 метри, широк горе 5 метри и долг 8 метри. Ѕидот два пати ја пресекува реката Хоанхо. Некогаш на секои 100 метри имало по една стражарска кула или вкупно околу 40 000. Пресметано е дека овој ѕид е изграден од 300 милиони м3 материјал, што е доволно да се изградат 120 Кеопсови пирамиди или околу Екваторот да се постави ѕид во висина од 2 метри. Историјата на овој бедем на крв и солзи, датира уште од времето пред 2600 година. Наспроти распространетото мислење, денешниот ѕид е многу помлад. Тој во своите битни делови потекнува од 15 от век, кога во Кина владеела династијата Минг. Првите кинески ѕидови не се изградени за одбрана од непријателот, тоа било внатрешна кинеска работа. На тој начин, државата Чу, на почетокот на 6 от век п.н.е. се осигурала од северните соседи, а во наредните векови државите Чи и Ваи го следеле овој пример. Околу 320 година од нашата ера, истото го направиле Чао и Јен, според историските примери. Во поголем број на случаи морало да се работи за бедеми од земја до стражарските кули. За изградба на првиот бедем, кој бил условен од целите на надворешната политика, бил одговорен царот Ши Хуанг Ти ( 221 – 210 година п.н.е). Тој притоа се држел до постоечките гранични утврдувања, но делумно трасирал нови бедеми за да го одбрани царството од варвари и демони. За еден целосно поврзан ѕид сеуште не можело да се каже. Клучните одбранбени линии биле кулите кои биле високи 10 метри а широки 6 метри. Кулите биле снабдувани од извидниците. Преку целиот ден биле употребувани знамиња, димни сигнали и слично. Царот Ши Хуанг Ти, прв ја употребил својата армија за изградба на одбрамбените уреди. Според преданијата, во работата учествувале 300 000 војници. Со оваа бројка, не се доаѓало до саканиот резултат. Поради тоа, биле отворани затвори, па на работа ги праќале крадците, разбојниците и убијците. Меѓутоа, ни тоа не било доволно па се поминало на принудна работа. Секој трет кинез бил одведуван на работа на ѕидот. Стотици илјади принудни работници умреле од исцрпеност, прекумерна работа и глад. Во кинеските анали на наредните столетија, големиот ѕид веќе не се споменува. Дури во 5 от и 6 от век од нашата ера, може да се најдат оскудни податоци за изградбата на нови бедеми. Марко Поло, кој во 15 от век ја пропатувал Кина, во ниеден момент не го споменува овој ѕид. Ако тогаш имало остатоци од ѕидот кој го градел Ши хуанг Ти, Марко Поло сигурно ќе забележел. План за изградба на нов постабилен ѕид од 10 000 милји, се појавил во 14 от век. Монголите под водство на Џингис Кан и неговите следбеници, ја потчиниле Кина и со неа владееле 90 години. Тие биле протерани во 1368 година под водство на Чу Јуан Чанг. Малку подоцна, овој монах и царот Таи Тсу ја основале династијата Минг. Во следните децении, монголците повторно напаѓале. За време на владеењето на династијата Минг, која владеела до 1644 година, почнала изградбата на темелите на ѕидот. Во текот на градењето, поставени се широки темели од тешки камења, а на нив ѕид од печена цигла. Во текот на изградбата не била земена во предвид потешкотијата околу конфигурацијата на земјата. На почетокот, ѕидот длабоко продирал во Жолтото море. Ѕидот се протега по планините кон исток и запад, се искачува по стрмнини и се спушта во најниските долини. На одредени места на ѕидот има капии заради трговците кои доаѓале во Кина, но делумно заради излегувањето на кинеските трупи во борба против татарите. Царевите од династијата Минг, градителите на големиот ѕид, освен ѕидот, поставиле и други споменици. Поголемиот број од владетелите на оваа династија, се погребани во близина на Пекинг во една храмовска групација. Оној кој денес ќе тргне да го види големиот ѕид, ќе ги посети и гробовите на владарите до кои води неколку километри долга алеја со чудесни џиновски статуи на животни и војници.

21.04kineski1.jpgkineski zid1.jpg
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Катар е држава во Југозападна Азија со главен и најголем град Доха. Според државното уредување оваа држава е апсолутна монархија - емират.

Во последните 150 години во катарската политика доминира семејството Ал Тани, од кое потекнува и сегашниот емир.
(шеикот Ал Тани со неговата втора жена Калифа)

Најзастапена религија во Катар е исламот, а јазикот е арапски. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен гас.
Катар е најбогатата земја во светот, благодарение на тоа што има големи залихи од нафа и гас. Има 1,7 милиони жители, а по површина е помала од Белгија.
Катар станал независна држава на 3 септември 1971 година.


Катар е една од земјите кај што се рсгистрирани најмногу милионери. Има многу развиена економија, ова се неколку факти за тоа:
Малата држава од Блискиот исток ја поседува Лондонската берза, најголемите банки, гасни компании, најскапите квартови, па дури и големо Олимписко село на Островот. (ова само за Англија)
Катар во Велика Британија инвестирал околу 10 милијарди фунти, а во план се уште инвестиции. Тиа инвестираат во целиот свет. Лани во 2011 година шеикот од Катар ја посети и Македонија, и најави инвестиции и овде.
 
  • Like
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Шри Ланка е островска држава со целосен назив Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка која се наоѓа во Јужна Азија веднаш до индискиот потконтинент. Островот има вкупна површина од 65.610 km2 и има 19,668,000 жители. Главен град на Шри Ланка е Коломбо.

sri3.jpgSri_Lanka_1.jpg
 
  • Like
Реакции: Podem

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Сингапур -


- е град-држава кој се наоѓа во Југоисточна Азија, односно во најјужниот дел на Малајскиот Полуостров, помеѓу Малезија на север и Индонезија на југ. Оваа островска држава е распослана на 63 острови. Најголемиот и главен остров, со површина од околу 580 km2 север е одвоен од Малајскиот Полуостров со тесен (1.5 km) и долг канал Џохор, кој уште се вика и северен канал. Островот со копното е споен со вештачки насип . Сингапур, според официјалните статистики, има вкупна површина од околу 714 km2. Во истиот, целосно доминира градското население. Во однос на климата, таа е тропска влажна. Средните годишни температури се движат од 23° C минималните, до 32° C максималните. Најтопол месец е Мај. Монсуните, се исто така застапени и тие се јавуваат два пати во текот на годината.


Географијата на оваа мала островска држава имала битно влијание за развојот и значењето на овој остров-држава. Во раниот период, на овој остров пристигнувале многу народи како Кинезите, Индонезијците, Арапите, а Индијците, дури историски е утврдено, дека на островот се нашле пред Кинезите.
Во текот на 19-от век, Сингапур израснал во голем трговски центар и еден од најголемите светски пристаништа. Согледувајќи го големото стратегиско значење, во 1938 година, Британците тука формирале поморска база, односно најстојувале Сингапур да прерасне во главно воено средиште на Далечниот Исток (“Источен Гибралтар”). Меѓутоа, сето ова кај Британците не можело да помогне во војната со Јапонците, така што во 1942 година, Британците биле принудени да се предадат.
По завршувањето на војната, островот повторно се нашол под британска управа. Крајот на британскиот колонијален режим се видел во 1961 година, кога претседателот на тогашната Малезиска федерација (Тунгу Абдул Рахман) предложил формирање на независна Малезиска федерација. Во оваа унија на држави, Сингапур влегол во 1963 година, но после две години ја напуштил федерацијата (1965 година) и станал независна република и суверена нација.
Сингапур е парламентарна демократија и е една од најсредените држави во светот.
Денес Сингапур има 5.256.000 жители. Сингапур како држава е повеќе национална и и во неа застапени се повеќе раси. Поради тоа, постојат четири службени јазици, и тоа: кинески (мандарински), малајски, тамилски (индијски) и англиски. Малајскиот како национален и англискиот како официјален, се двата главни јазици.
Самиот главен град, Сингапур, покрива една четвртина од островот, а други поголеми градови се Серангун, Џуронг, Ни Сун итн. Значаен епитет за градот Сингапур е тоа што многу патеписци овој град го прогласиле за еден од најчистите во светот.
Сингапур е водечки во неколку економски области, како на пример, тој е четврт водечки светски финансиски центар, потоа, се наоѓа на второ место на пазарот со казина и коцкање, се вбројува во првите три центри по рафинирање на нафта, поседува еден од најголемите и главен сервис за бродови итн.Исто така, оваа земја е меѓу првите во однос на жители кои се вбројуваат во графата на милионери.
Квалитетот на животот на населението во Сингапур е меѓу првите во Азија, во светски рамки се вбројува во првите петнаесет земји.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
ТУРЦИЈА - Магичниот турски брег

Земјата која се протега на два континенти, Европа и Азија е една од најпопуларните дестинации за летување, а тоа и не е чудно ако во предвид ги имаме прекрасниот пејзаж и песочните брегови, станува збор за Турција. Мармарис е едно од нив и се наоѓа на јужното крајбрежје каде што се спојуваат Средоземното и Егејското море. Исто така, нема да ви недостига ни погледот кон преубавите градби со кои е богат, пред се, Истанбул. И сончевите брегови долж Медитеранот не се за запоставување. Кристално чистото море е иделано за водени спортови. Постојат многу можности за авантура како што е планинарењето на некои од турските планини, како што се Аратату на исток и планината Качкар.
Со умерена клима и фасцинантната историја, Турција нуди за секого по нешто. Турското медитеранско крајбежје, тиркизниот брег е долг речиси 1 600 километри и е исполнет со преубав бел песок и плажи, и е опкружен со стари градови кои сега се рушевини. Ова крајбрежје е прво на кое помислуваме кога сакаме одмор во Турција. Има поубави плажи и места за одмор од Егејското Море, потопло е, а водата е посолена дури и од Црното Море. Планината Таурус (Торос) ни овозможуваат драматичен поглед долж крајбрежјето, а на некои места реките ја измиле седиментацијата и создале плажи кои се богати со плодно тло, погодно за одгледување на памук, зеленчук, па дури и тропско овошје како што е бананата.
БОДРУМ
Некогаш познат како Халикарнас, популарното одмаралиште и пристаниште за јахти Бодрум, се наоѓа на најјужниот крај на егејското турско крајбрежје каде што можете да го видите оригиналниот Маузолеј (Mausoleum), еден од седумте светски чуда, како и замокот Св.Петра, тврдина која денеска претставува најпознат музеј на подводна археологија. Плажите од десната страна на градот се мали и водата тука не е премногу чиста, но затоа постојат и други плажи во близина на Бодрумскиот полуостров.
МАРМАРИС

Лордот Нелсон се одмарал во заливот со магична природа уште во 1798 година, па потоа запловил да го порази Наполеон во битката кај Абукира. Од тогаш, ова пристаниште е мирно, односно до процветот на туризамот, 1980-1990 година, кога Турција станала главно пристаниште за јахти. Малата тврдина – дворец сега е претворена во музеј. Траекти превезуваат патници до островот Родос неколкупати на ден. Малиот пазар во градот често е преполн со странци. Одмаралиштата се простираат долж целиот залив и со нивната бела боја се издвојуваат од совршеното зеленило поради што овој залив го добило името Зелен Мармарис.
АНТАЛИЈА

Главниот град на турската медитеранска област има околу 2 милиони жители. Тоа е модерен град со мал историски центар, одлични археолошки музеи, долги песочни плажи на исток и на запад, аеродром, преубави хотели и поглед кон планина. Многу градби датираат уште од времето на Отоманското царство. Konyaaltı Plajı е најпозната плажа со груб песок и чакал која се протега неколку километри на запад. Песокот е помек на плажата Лара на исток. Долги познати плажи се Сиде и Алања на исток, и Кемер и Олимпос на југ. Посетете ја Анталија поради музеите и плажите до кои можете да дојдите од големиот аеродром на 10 километри од центарот, или преку автобускиот терминал кој се наоѓа 10 километри јужно.Позната е и по секојдневните излети на археолошки места.
 
  • Like
Реакции: Anakin

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Ја би сакал сите земји да си ги посетам. Секоја земја е вредна за посета и има работи кои ме привлекуваат.
Индија и нивната култура; Јапонија со прекрасните градби, брзите железници, интересната кујна; Тајланд поради интересната местоположба; Тибет и нивните храмови и свештеници; Сингапур поради нивната развиеност... Пат низ Азија за 80 дена би било феноменално.
 
  • Like
Реакции: marinium and Kitty