ЈОК. Кажа дека треба да го роди.
А одлуката е нејзина - тоа е веќе солиден одговор. Напредуваме!
Јас кажав дека одлуката е нејзина во претходните постови на почетокот кога влегов во дискусија со тебе. Добро знам што сум кажала.
ЈОК. Кажа дека треба да го роди.
А одлуката е нејзина - тоа е веќе солиден одговор. Напредуваме!
И тоа што викаш. Некои луѓе, никако да си ја чукнат главата, да подразмислат, прочитаат нешто
Ама немам јас штета тука. Само ти.
Тоа е избор на мајката дали ќе го задржи плодот, иначе според мене така сакала судбината, така и било пишано на особата. Сепак тоа е мое мислење и цени го, секогаш ќе бидам ПРОТИВ АБОРТУСОТ!
Немам за што да размислувам НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО УБИЈАМ СВОЕТО ДЕТЕ. Сакаш разбери сакаш не. Твојот проблем е што ТИ МИСЛИШ ДЕКА САМО ТИ ИМАШ ПРАВО НА МИСЛЕЊЕ И ОЧЕКУВАШ СИТЕ ДА ТЕ ПОДРЖАТ. ЖАЛАМ ЈАС НЕМА ДА БИДАМ ТАМО.:cao
Значи јас не реков дека треба целосно да се забрани правото на абортус .... Целата смисла на овој мој став е дека е недозволиво да не внимаваш да живееш како што сакаш а потоа на некого да му го одземеш правото на живот затоа што ти не си мислел Мислењето за тоа кога детето има вродена мана го имам кажано погоре
Бум Бум, јас добро те разбирам, и до некаде се согласувам со тебе. И мене ми е дебилно што во 21 век, луѓето мислат дека абортусот е средство за контрацепција. Се срамеле кондоми да купат. Да, тоа е идиотски.
Но не смееме ние да судиме кој има право да се роди, а кој не. Зошто не ја знаеме ситуацијата, не сме во ,,нивна,, кожа.
Верувај, сум запознала многу девојки кои се одлучиле на абортус, и ниту една од нив не била среќна поради тоа што е во таква ситуација.
А оние, кои абортираат постојано, зошто не чуле за кондом, верувај, нив казната брзо им следува. Телото ќе ти издржи 1,2,3 абортуси. После тоа, веројатноста е голема да имаш спонтани, да не можеш да го доносиш плодот.
Еднаш е случајно, грешка, но од грешките се учи. Не им се секирај на тие што абортираат постојатно Тие не заслужуваат ни дете да имаат, ни мамо некој да ги вика.
Луѓе, за кое дете зборите вие??? Нема дете, не се абортира дете!!! Не одземаш ничие право на живот, зошто за да постои право на живот мора прво да си жив! Знаете ли уопште кога се појавува срцева акција кај плодот????
Овој пат целосно се сложувам со тебе и мислев баш на такви случаеви...Но некако го чуствувам тоа како себично....Грешката е направена....треба да се соочиме со неа...:/