Џенифер Лопез

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Џенифер Лин Лопез е позната американска актерка , поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови потанцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.
Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни, 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).

Почетоци
Џенифер Лопез е родена и израсна во Касл Хил, кварт во Бронкс, Њујорк. Таа е ќерка на Гвадалупе (мом. Родригез), воспитувачка во градинка и Дејвид Лопез, информатичар, и двајцата родени во Понсе, Порторико. Лопез израснала како припадник на Римокатоличката црква. Има две сестри, Lynda и Leslie. Целото свое образование го помина во Католички училишта, завршувајќи го Preston средното училиште во Бронкс. Потоа, таа сама се грижеше за плаќањето на нејзините часови по пеење и танцување на возраст од 19 години. По запишувањето на Baruch колеџот, таа го распредели нејзиното време помеѓу работа во правна канцеларија, часови по танцување, и танцови изведби во ноќните клубови на Менхетен. Лопез имаше мала улога во филмот од 1987 година, My little girl. По неколку месечни аудиции за танцови улоги Лопез беше избрана како танчерка на различни рап музички спотови во 1990 година, за Yo!МТВ RAPS, како и бекап танчерка на New kids on the block во нивната изведба на песната "Games" за настапот на Американските музички награди во 1991 година. Таа доби своја прва постојана работа како "Fly Girl", танчарка на телевизиската комедија In Living Color во 1990 година. Набргу потоа, Лопез стана бекап танчерка на Janet Jackson и се појави во нејзиниот спот од 1993 година, "That's the Way Love Goes".

lopez5.jpg

Џенифер Лопез и Енрике Иглесијас решија да ги здружат силите ова лето и заедно да тргнат на светска турнеја.
Неодамна одржаа прес конференција за медиумите и најавија дека од 14 јули заедно тргнуваат на голема турнеја, а се шпекулира дека пред тоа тие ќе снимат и дуетска песна која на овој начин и ќе ја промовираат.
"Сметам дека тоа ќе биде една од најлегендарните турнеи досега. Мислам дека ова досега се нема случено, двајца Латино пејачи да настапуваат заедно како семејство, меѓународно."- изјавила Џеј Ло која веќе им соработувано со Енрике за синглот "Mouth 2 Mouth".

„Форбс“: Џенифер Лопез е најмоќна славна личност
3023F7CB3C05A4468626FD67243F4F1A.jpg

Џенифер Лопез е прогласена за најмоќна позната личност на светот на годишната листа на „Форбс“ „Селебрити пауeр 100 (Celebrity Power 100)“.
Таа ја замени на првата позиција контроверзната поп дива Лејди Гага, а зад себе ја остави долгогодишната најмоќна позната личност, американската водителка Опра Винфри.
Четириесет и две годишната пејачка и актерка, која успеа од скромна њујоршка средина да се искачи на самиот врв на шоубизнисот, лани беше на 51. место на листата, која „Форбс“ ја составува врз основа на неколку фактори, како што се личното богатство, влијанието во медиумите, особено на социјалните мрежи и договорите со спонзорите.
Во соопштението на списанието „Форбс“ се нагласува дека Лопез минатата година заработила 52 милиони долари, благодарение на улогата на судија во популарната емисија „Американски идол“, нејзината модна линија и најавената светска турнеја.


Најновиот хит за ова лето 2012:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
тија стари су ву кул, овија нови су ву бљак преработени срања
и куде га најде пит бул ( види му ник бе) сс њега да праи дует
и она глуми нели : )
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Од толко песме што има едина што ми се свиѓа е On the floor и тој зашто тресе га тј убав гз како будала, и онај Goin' In и толко, а брат ми ги слуша цел дн.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
абе каква Џенифер,ептен ми е без врска освен што знае добро да танца.
Песните и се напишани од некој си,музиката и е направена,спотовите се креирани од други и што???
демек ја сум тука и еве ме дива сум..исто како Бритни,Таке Дат и слични...
таа само презентира туги идеи..
Воопшто не е некаков уметник за мене.
Три тони шминка на себе,минич и ај ке пеам,слично како турбо фолк певачица...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and slb_bobo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Гледам порталиве распалуваат со новата гола слика на Џеј Ло и промоцијата на нова песна, па си реков да отворам.
За 51 година, можам само да ѝ се поклонам и да ѝ бакнам рака. Секако дека третмани, ботокси и богатство си го прават своето, но освен одлични доктори, има и прекрасна генетика, па изгледот ѝ е потполно ист како знам за неа.
Песната...мех, не сум и не можам да бидам фан на музиката. Има неколку певливи песни од раните 2000ти, но тука застанува. Нема никаков посебен, силен или специфичен вокал.
Ја имам слушнато ќерка ѝ како пее. Е, тоа е веќе вокал. Ќе ја надмаши многу мајка си кога ќе потпорасне за некоја година.