Ах бе
parvati... Камо да го делев истово мислење со тебе. Ама некако искуството ме има каналирано друкчие да ги согледувам нештата.
Не е се до карактерот, мора напоменувам МОРА да има и до изгледот и до тоа како се држи. Карактерно може да пишува можеби колку сака елоквентни реченици на интернет, колку сака да имаме заеднички работи, ако ја нема онаа хемија која оди со изглед + начин на однесување во живо, паѓа као закон пред уставен. Значи, на нет може да се заљубиме во зборовите кои личноста ги пласира, но не и во самата неа. Може да се рече да ни даде поттик за запознавање но само толку. Другото е идеализирање.
Но еве да додадам уште нешто во врска со Фејсбукот. Кога ќе се спријателиш со некоја преку ФБ, ти имаш пристап кон сето она што го има таа пласирано. Во зависност колку има, Кај тебе може да ти се јави поттик но може и да добиеш презаситеност од она што ќе го видиш. ИСто како префиксот ПРЕ, што не значи НАЈдобро. Можеби ќе го изградиш ѕидот на недостижната, можда ќе ја оцениш како личност која е нивоа и нивоа изнад тебе, при што си викаш ај некоја друга.
Може дури и да биде се` како што треба но едноставно подобро работите функционираат преку нет, пошо нели стравот во упознавање во живо ќе ги падне сите идеали што ги имаш изградено. Вака, барем си ја храниш душата некако. Затоа ќе се навратам на
Trajche дека сепак социјализацијата во живо е можеби постаромодна, опфаќа помал круг, но има пореални резултати и може да те изгради како човек а не како некој кој нон стоп се разочарува од луѓето.