Јадам за да живеам или живеам за да јадам?

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Како стоите со ова? Јадете што стигнете колку за да имате енергија преку денот и не обрнувате толку внимание на храната? или уживате во секој ваш оброк што ќе го приготвите, или приготват за вас, токму тоа што сакате да го има во вашето мени?

Јас дефинитивно живеам за да јадам, 5-6 оброци во денот, сам си ги подготвувам...чувството неопишливо :trca

Како јадеме-така изгледаме :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Гурман со експетиментален вкус. Спремен да испробам ново. (Добро де не планирам да се трујам со отровни риби)
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
570
393
Уживам во јадењето многу, зависник сум од вкусна храна и гурман невиден, па си викам дали е можно да живеам за да јадам.
Е сега има фејл денови кога сум апсолутно демоде и не можам да ставам нешто во уста, ама тоа не се случува често.
Сакам оброкот да ми е вкусен, не можам да се најдам со било што оти морам да јадам. Не. :giggle
Вкусна храна за мене не значи сепак било какво фаст фуд ѓубре и отрови, планини од нездрава храна, па немам проблеми со тежината.