Не ми се допаѓа јавното запросовуње, и на мојот јасно и гласно му имав кажано дека не сакам така, па затоа и не бидна така. Ручече направено од него, и за десерт уникатно запросување, со чоколадо на чија што кутија пишува дека сум единствен добитник во нивната наградна игра, сопруг за цел живот. Сами, ние двајца во домашна атмосфера, мераци. И секако големо изненадување. Не знам дали е дека мене ми се случило тоа, но мислам дека поубаво не можеше да биде. Презадоволна бев, скромно, но сепак прекрасно. После доаѓа делот на тресење, возбуда и секако ширење на убавата вест. Нај интересно ми беше што домашните мислеа дека ги зафркаваме, а кога го видоа прстенот и се уверија мислеа дека јас сум знаела за тоа. Комедии.