Јавни запросувања

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Интересно ми е да гледам вакви работи од страна, но да би ми се случиле мене е тоа веќе не е интересно. Срамежливо дете сум, недај боже да дочекам вакво нешто, би си се завртела 180 степени и би си фатила некој непознат правец па несреќникот што сака нека прави.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Female, Y1K991 and Yvette

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Голема глупост, што знам ако ја запросе пред 1000 луге што е толку јако . Не знам да си ја искубам косата поради тоа што го направил, напротив ке мислам колку само се изглупирал и најубавиот момент е уништен.
Кај и да е и ова ке им се здосади, па ја чекам следната глупа идеја за запросување што ке биде а сеуште не можам да си ја замислам.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
(flower)
младиве сега се натпреваруваат кој ке направи поспектакуларна просидба па одма да ја прикачат на фб и тука нема многу романтика и љубов! Права просидба треба да бидат само двајца
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Не ми се допаѓа јавното запросовуње, и на мојот јасно и гласно му имав кажано дека не сакам така, па затоа и не бидна така. Ручече направено од него, и за десерт уникатно запросување, со чоколадо на чија што кутија пишува дека сум единствен добитник во нивната наградна игра, сопруг за цел живот. Сами, ние двајца во домашна атмосфера, мераци. И секако големо изненадување. Не знам дали е дека мене ми се случило тоа, но мислам дека поубаво не можеше да биде. Презадоволна бев, скромно, но сепак прекрасно. После доаѓа делот на тресење, возбуда и секако ширење на убавата вест. Нај интересно ми беше што домашните мислеа дека ги зафркаваме, а кога го видоа прстенот и се уверија мислеа дека јас сум знаела за тоа. Комедии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena