време без тебе
и ако без тебе имам се‘
се‘ без тебе е ништо
ништо имам, а ми велат- имаш се‘
се‘ што имам , растурам и губам
губам се‘, а не ми смета
а ми смета се‘
велам имам се‘ што ми смета
само тебе не
губам се‘ и се губам
во времето без тебе
кога велам дека се смеам
а несмеам да лажам...