Abe CreP

Климент Охридски, роден 840 година е најистакнатиот ученик на Кирил и Методиј, кој доследен на своите учители, го продолжил со успех нивното дело.

Учествувал во преведувањето на светите богослужбени книги од грчки на црквенословенски јазик. Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони.По смртта на Методиј, заедно со Горазд застанува на чело на протераните ученици, кои подоцна биле протерани во Бугарија, каде што биле причекани од кнезот Борис, кому му биле потребни луѓе кои ќе го шират христијанството на словенски јазик, па затоа тој љубезно ги пречекува.Потоа Климент го продолжува својот исцрпувачки пат, кон областа Плиска. Меѓутоа , по извесно време , состојбата во Бугарија се менува , па тој е испратен во областа Кутмичевица. Најверојатната причина за ова испраќање било тоа што Климент доследно ја употребувал глаголицата , наместо кирилицата која се проширувала во поголемиот дел на Бугарија.Во Кутмичевица Климент ја организира охридската книжевна школа во која работи 7 години како учител и надзорник на црковните работи, кој паралелно со црковната и педагошката, тој се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност, чии дела и денес предизвикуваат восхит.Оваа школа броела 3500 ученика, од кои што Климент , оспособувал 120 ученика годишно за учители и свештеници.Подоцна , во годината 893 тој е испратен во Величката епископија каде бил поставен за прв словенски епископ.Климент има напишано околу 50 дела од кои што на само 15 се има потпишано, и освен тоа тој пишувал и поучни и пофални слова на стил близок на народните маси.Умрел на 9 Август 916 година, и останал запаметен како закрилник и патрон на македонскиот народ низ целата негова историја.–
Роденден
1 февруари 1996 (Возраст: 28)
Пол
Машко

Following

Следачи

Трофеи

  1. 200

    Член повеќе од две години

    Честитки! Ти беа доделени 200 поени од трофеи бидејќи си наш член повеќе од две години.
  2. 100

    Член повеќе од една година

    Честитки! Ти беа доделени 100 поени од трофеи бидејќи си наш член повеќе од една година.
  3. 10

    Незапирлив!

    Напишавте повеќе од 100 пораки. Се надеваме ви беше потребен повеќе од еден ден!
  4. 10

    Ме бендисуваат

    Вашите мислења им се допаднале 25 пати на останатите членови.
  5. 5

    Зависник

    30 постирани мислења. Мора да ви се допаѓа тука!
  6. 2

    Некому му се допаѓате!

    Некому му се допаѓа една од вашите пораки. Продолжете со такво постирање!
  7. 1

    Прва порака

    Напишете едно мислење на форумот за да го освоите овој трофеј.