Бидејќи се спомна добивка на економски план при ризикување, затоа мислев дека конкретно за таков ризик ќе збориме.Ти благодарам за насочувањето.
Во глобала сум човек што сака да проба и искуси се, па дури и да ризикувам некои работи.До сега сум ризикувал премногу.Постојано ризикувам.Добивам, ама и губам.
Последното поголемо ризикување беше вложување поголема сума на пари во нешто.Ризикот беше подеднаков на тоа да кажеш дека можеш да ставиш рака во оган и да не се изгориш.И изгубив.Сега вртам сучам за да си вратам бар еден дел.
Всушност, со голем ризик и стартував со бизнисот.Првиот пат беше неуспешно.Вториот пат, успешно.
На приватен план гледано, гледам да не ризикувам.Почнувајки од премногу алкохол, ама навистина преногу, па се до брзо возење на кола во истата состојба.Порано ризикував и со девојки, и со другари и ред други работи, но како што поминува времето, така се доградуваш како особа, ги разбираш и согледуваш вистинските вредности на нештата па према тоа правиш проценка дали воопшто има потреба да се ризикува.