Темава ја отварам бидејќи мене лично ме интересира какви ставови и мислења имаме околу давањето отказ... На пример јас моментално кај што работам се ми е супер погодено, газдата, колешките, муштериите, платата (што е најбитно, редовна е), бакшишот... и лично многу брзо се поврзувам со луѓе кај и да работам. Муабетот ми е, еве за месец дена сакам да одам да работам на Крф или во Будва, или ако не испадне ништо од тоа како и да е Октомври месец најкасно бегам за Америка... Како јас да му кажам на човеков дека си одам? Премногу сум приврзана и за него и за се, и стварно незнам како да го изведам тоа, знам дека ќе ми биде многу жал што ќе ја напуштам работава, дека секој ден со мерак одам на работа 
