Не е за моментов, за иднина зборувам. Ми фали памет, ми фали да се откажам од сите пороци и да стартувам од почеток.
Да свртам нова страна во животот- што би рекле мудрите. Ми фали да ги заборавам падежите и нервозата претрпена од својата брзоплетост, несигурност и непромисленост. Ми фали времето кога не гледав фудбал кога имав милион попаметни работи што ме исполнуваа и правеа среќен. Ми фали уште еднаш да го ја преслушам биографијата на Игор Џамбазов и конечно пораката која ја изнесува маестралниот да ми се врежи во мојата глава. Не жалам по парите , жалам за изгубеното време кое можев да го исполнам со далеку подобри моменти, часови, денови. Ми фали да ја убијам носталгијата после сите порази, да се сконцентрирам кон правата ствар наречена: правилни избори и одлуки во животот.
Без обложување животот би бил подобар.