Сексот според мене е многу битна работа во една врска. Не најбитна, ама меѓу првите три можеби. Секако без љубов и разбирање џабе е совршен секс (доколку се работи за врска, а не за one-night stand).
Има девојки што се чуваат за прва брачна ноќ, не викам не, што ми е многу нелогично.
Зошто да се чувам до прва брачна ноќ?
Зошто и мушкарацот не се чува?
Овие две прашања ми повлекуваат сосема други теми. Небитно...
Како што кажав, сексот е битен за една здрава врска, ако партнерите не си штимаат во кревет доаѓа до фрустрации, нервоза, можеби селење во друг кревет.
Не викам дека жената треба да скока од еден на друг, ама подобро да знае на што е пред да рипне во тавче. Можеби тој се чини совршен, ама ако во кревет сака само да позбревта и за неколку минути да си го испразни пенисот, без притоа да разбере јас како се чувствувам, не фала, не ми треба. А подобро тоа да го спознаам пред да потпишам.