Да не ти го копирам цел пост, еве ќе те тагнам, Tranquility - Ди Матео изјави дека би можеле да играат Пиазон, Чалоба и Блекмен (се надевам и Лукаку), а мислам дека тоа му е баш паметна идеја со оглед на тоа што утакмицата не е битна ни за нас ни за Блекбурн, па не ќе е лошо младиве барем да видат каква е атмосферата кога се игра во прв тим, кога има публика и нормално малку притисок.


Се сложувам дека тој треба да добива поголема минутажа, кога веќе Бертранд изигра неколку натпревари целосно, се чудам зошто тој не добиваше шанса барем по едно полувреме, или по 20тина мин ако ништо друго. Одбраната колку толку квалитетна ни е, средниот ред...
И мислам дека ни треба квалитетен напаѓач.

