Сакам да кажам дека што туку го најдов случајно текстов низ некоја страна по нетов и се заљубив во напишаното....
Ќе купам удобни чевли и заедно ќе го прошетаме Париз.
Со карта пред очите и љубов во џебовите ќе изградиме патека, во боите на виножитото. Со лесни чекори, танцувајќи ќе се искачиме до Ајфиловата Кула и ти ќе ме кренеш во рацете, високо за да го дофатам небото. Ќе симнам облак,а тој ќе не однесе во нашата куќа, со широки прозорци и розова градина со мирис на рози. Во белата кујна ќе ти испечам кроасани и целиот свет ќе мириса на ванила. Ќе ме заспиеш со француската приспивна, и ќе ме разбудиш со чај од камилица. Јас ќе си сплетам венче од мали, бели цветчиња и ќе облечам црвен фустан, за заедно да шетаме по калдрмите. Ќе ми купиш парфем со мирис на цреши од некоја продавница и ќе ме качиш во чамец на роболов. Ќе се сликаме со старомоден апарат и ќе направиме берброј црно-бели слики, а потоа сами ќе ги обоиме. Ќе ги претвориме парите во дожд од љубов и ќе ги научиме сите да танцуваат. Со малку ќе шириме среќа и веќе никогаш, никогаш нема да ни треба чадор, за да не одлетаме.
Ајде да одиме во Париз,
ти и јас, ти и јас…