Спокој ми спие на трепавиците... Убаво ми е
Во целиот овој хаос од обврски, најубаво го чувствувам сонцето кога ќе затворам врата, ќе си дадам време исклучиво на себе.
Почнав очајно да имам потреба од конекција со природата, насмевката ми е најубава кога ја чувствувам баш во мене.
Колку ми фалеше да спортувам.
Што ли правев цела зима помеѓу ѕидови и урбани методи на живот?
Со изборите во Грчка ни се запечатила судбината
ВТФ??
Запечатена ни е одамна, само ние уште патриотски се челичиме...
Како и да е, имајте убав остаток од денот, а искрено на никој нема да му биде гајле и да не го имате.
Затоа напрајте си кејф.
Јас за кратко, го зграпчувам приквечериево што следи...