Мераклики, нимфоманки, курви, дрољи, ороспии, фукарици. Пишете си ги де.
Дете ако не го интересираат вакви теми, нема ни да ги отвори.
А демек помаливе не ги знаат зборовиве, знаат тие повеќе од нас море.
Си ги има различни. Која од задоволство, која за пари, која за да добие демек некој појак статус (кој статус молим те?)
Мене ми е најинтересна употребата на зборот к***а како општ поим за се’ горенаведено.
Зборов толку се користи вон контекст, што веќе губи значење.
к***а е онаа што го погледнала дечко ти заводливо. к***а е онаа што е побогата, поубава и/или попаметна.
к***а е онаа што успеала. к***а е онаа што не ти дала и ти акнала корпа, а ти си најјачи фраер уствари. Срам да и’ е!
Ми се згрозува кога ќе налетам на муабет во кој се зборува за некоја на место што сама си обезбедила се’ со напорна работа, и онда иде коментар од некој сељак/сељанка што на готово добил/а се’ од продадените ниви на неговите: „Ее, на колку има таа раширено нозе за да стигне до таму.“ А мајка ти раширила ли што возиш ти скапа кола?
![Се мисли :^) :^)](/images/emoji/wonder_animated.png)
Тоа се причините. Треба или навистина да е таква мераклика, или да ја мразиш за нешто, па да и’ го доделиш тој епитет.