Со горново ај уште некако би се сложил ама болдов некако ми штрчи. Глупаво со незрело не секогаш идат во склоп. Поготово кога човекот е затрескан.
Како би нарекол личност Х, која влегува во врска со некоја личност Y, само за да се премисли после одредено време дека веќе не сака да биде во врска со личност Y бидејки не е веќе нејзин тип? Едно време бил нејзин тип, ако веќе влегле во врска. Освен ако личност Х не ја излажала личност Y...
Можеби не глупава, но незрела личност или личност која не знае што сака? Да.
А менување на себеси за личноста која ти се допаѓа да те забележи и да ти посвети внимание? Тоа би го нарекол глупавост. И не само што е глупаво, туку и се ставаш себеси во лоша ситуација. Глупавост која и јас ја имам направено, а не се сомневам дека и други.